БиХ се соочува со сериозни безбедносни предизвици, истакна Шеќеринска
Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, за време на Сараевската безбедносна конференција предупреди дека Босна и Херцеговина (БиХ) се соочува со сериозни безбедносни предизвици.
- Сведоци сме на пораст на опасна реторика и политички конфликти. Постојат постојани закани со сецесија, запаливи акции и обиди да се поткопа уставниот поредок и владеењето на правото - истакна Шекеринска, според соопштението...
Четворица мртви откако маж ја застрела својата партнерка и децата во северозападна Германија
Маж смртно ја застрела својата партнерка и двете деца во германскиот град Олденбург, во северозападниот дел на земјата, пред да си го одземе животот - соопшти денеска локалната полиција.
Истражителите првично не дадоа повеќе детали за идентитетот на жртвите.
Инцидентот се случил утрово во станбена зграда во населбата Остенбург.
Откако биле алармирани од сведоци, полицајците пронашле четири тела и оружјето кое се...
Иран почна процедура за повлекување од Договорот за неширење на атомското оружје
Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент денеска го заклучи конечниот план за повлекување на Иран од Договорот за неширење на нуклеарно оружје (ННП) како одговор на европската иницијатива за повторно воведување санкции врз Техеран, но иранскиот парламент сè уште не донел никаква одлука за ова прашање.
Како одговор на „нелегалните дејствија на европската тројка Е3“ во...
Пентагон бара забрзано пополнување на залихите на оружје во случај на конфликт со Кина, објави „Волстрит џурнал“
Пентагон побара забрзано зголемување на производството на ракети и 12 клучни системи во случај на потенцијален конфликт со Кина, објави денеска „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани извори.
- Загрижени за ниското ниво на залихи на оружје што САД би ги имале на располагање во случај на конфликт со Кина, Пентагон ги повикува добавувачите на ракети да ги удвојат, па...
До денес, 635 институции пријавиле службени возила, соопшти ДКСК
Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека до денеска 635 институции доставиле податоци за бројот, видот, регистарските таблици и возната состојба на сите службени возила со кои располагаат односно 42 проценти, додека 879 институции односно 58 проценти, воопшто не доставиле податоци.
Од 879 институции што не доставиле информации, според податоците на МВР, ДКСК констатирала дека 192 институции располагаат со...
Путин потпиша указ за регрутирање на руски државјани за воена служба
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за регрутирање на руски државјани за воена служба во периодот од октомври до декември 2025 година.
Документот е објавен на официјалниот портал каде што се објавуваат прописи и закони.
- Од 1 октомври до 31 декември 2025 година, да се изврши регрутирање на 135.000 граѓани на Руската Федерација на возраст меѓу 18 и 30 години...
Орбан: Украина може да ја добие војната само со европски и американски војници
Украина може да ја добие војната само ако стотици илјади војници пристигнат од Западна Европа и САД за да се борат на фронтот, но тоа би значело светска војна што никој не ја сака, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за онлајн програмата „Час на борба“, објавија унгарските медиуми.
Орбан рече дека американскиот претседател Доналд Трамп честопати го...
РКЕ: Цените на горивата остануваат исти
Регулаторната комисија за енергетика, (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49 отсто во однос на одлуката од 22 септември 2025 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) остануваат непроменети.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50...
Целосна дигитализација на Уставниот суд
Уставниот суд на Македонија официјално го започна процесот на целосна дигитализација, со што влегува во нова фаза на технолошко унапредување насочено кон поголема ефикасност, транспарентност и отвореност кон јавноста. Овој напреден дигитален систем ќе овозможи поголема пристапност до работата на Уставниот суд и ќе го подобри процесот на донесување одлуки.
Проектот за дигитализација во Уставниот суд беше промовиран денеска, во...
На последниот НАТО самит, едногласно ја донесовме одлуката која ќе значи посилна одбрана, рече Мисајловски
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на состанок на Работниот комитет за спроведување на Националната развојна стратегија 2024-2044 година истакна дека изградбата на „сигурно, безбедно и отпорно општество во време на глобални предизвици е од приоритетно значење за нас.“
Како што информира Министерството за одбрана, Мисајловски се осврна на развојот на одбранбениот систем и инвестирањето во одбраната кое овозможува интензивно...






































