Мултидисциплинарен состанок за третман на пациентите со дијабетес тип 2, хронична бубрежна болест и срцева слабост

Примената на лекот Керендиа, кој се користи за третман на пациенти со дијабетес мелитус тип 2, кои имаат хронична бубрежна болест и срцева слабост била главна тема на мултидисциплинарниот состанок на лекари од специјализираните болници за нефрологија – Струга и за кардиоваскуларни болести – Охрид што се одржа во Струга. Овој лек, како што информира за МИА директорот на Струшка...

Сомнителен куфер оставен пред канцелариите на ЈП „Државни патишта“, по проверката потврдено e дека куферот е празен

Лице од обезбедувањето на Јавното претпријатие „Државни патишта“ денеска околу 13 часот пријавило сомнителна активност пред канцелариите на претпријатието, лоцирани на плоштадот „ВМРО“ во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), на видео надзорот биле забележани две лица кои го разгледувале просторот, при што едно од нив оставило куфер. Веднаш по добиената пријава, надлежните служби презеле соодветни мерки...

Во центрите за јавно здравје обезбедени 2.400 комерцијални вакцини против сезонски грип

Центрите за јавно здравје низ државава обезбедија 2.400 комерцијални вакцини. Од нив 1.000 дози има во Центарот за јавно здравје-Скопје. Примањето комерцијална вакцина ќе чини 700 денари, информираа за МИА од Министерството за здравство. Министерството за здравство вчера соопшти дека почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на...

По предлог на Васев пациентка на Онкологија примала експериментална терапија

Со сослушување на сведок предложен од Основното јавно обвинителство, денеска продолжи судскиот процес против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, којшто заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Сведокот Александар Гаќев, сопруг на сега веќе почината пациентка пред Судот кажа дека по предлог на Васев, неговата сопруга примала терапија според експериментална програма. Лекувањето, посочи...

Ле Пен предупредува дека ќе ја блокира секоја нова влада

Лидерката на француската крајно десничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен, денеска предупреди дека нејзината партија ќе ја блокира секоја нова влада и повторно му предложи на претседателот Емануел Макрон да го распушти Парламентот или да поднесе оставка. - Ќе цензурирам сè. Престанете сега. Шегите траеја доволно долго - рече Марин Ле Пен. Таа додаде дека „величината, честа и моралот би...

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар М. Јаги „за развојот на металооргански рамки (MOF)“, објави денеска Кралската шведска академија на науките. Рамките содржат простори низ кои можат да течат гасови и хемикалии, овозможувајќи, на пример, собирање вода од пустинскиот воздух, заробување на јаглерод или складирање на токсичен гас. Китагава (74) од Универзитетот...

ЈУ Национален парк „Пелистер“ ќе користи дрон за справување со пожари

Јавната установа Национален парк „Пелистер“ - Битола при справување со пожари на отворен простор ќе користи и дрон, изјави за МИА, Иванчо Тошевски, директор на оваа национална установа. Користењето дрон при справување со шумски пожар од пошироки размери овозможува брза и координирана акција, посочи Тошевски. - ЈУ Национален парк „Пелистер“ за прв пат во својата историја употреби дрон кој овозможи да...

Пуштен на домашно лекување доктор Шаини, кој вчера беше ранет во Куманово

Доктор Зекирија Шаини, кој вчера беше ранет при оружен инцидент во центарот на Куманово, денеска е пуштен на домашно лекување од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје. Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска за МИА потврди дека пациентот се чувствувал добро. - Пациентот е во добра општа состојба. По санирање на раните е...

ДИК: Ќе се гласа само еднаш, гласањето е тајно, со важечка лична карта или пасош

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе Упатство за гласање на Локалните избори 2025. Гласањето е лично, а избирачите на гласање ќе можат да одат само еднаш, ќе се идентификуваат со лична карта или со пасош. Ќе можат да гласаат и лица чија важност на документите им истеклa од денот на распишување на изборите до 19 октомври. Пред...

Илегалните преминувања на границата меѓу САД и Мексико на најниско ниво во последните 50 години

Илегалните преминувања на границата меѓу САД и Мексико го достигнаа најниското ниво во повеќе од половина век, според федералните податоци до кои дојде Си-би-ес њуз, американски партнер на Би-би-си. Во фискалната 2025 година, која опфати четири месеци од администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден, агентите на американската гранична патрола запреле 238.000 мигранти кои нелегално ја минувале јужната граница, покажуваат бројките...