Попов: Официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е „вештачка конструкција”

Во обраќањето по повод 58 години од основањето на Македоската академија на науките и уметностите (МАНУ), нејзиниот претседател, академик Живко Попов, голем дел посвети на јубилејните 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик (5 мај 1945), како што рече - „еден од најважните моменти во зацврстувањето на многувековното постоење на македонскиот јазик, македонската култура и македонскиот идентитет“. Посочи на...

Археологот Емилио Марин и филологот Ивица Баковиќ од Хрватска добија признанија „Блаже Конески“ на МАНУ за 2025

По повод 58-годишнината од основањето, Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска го додели меѓународното признание именувано по нејзиниот прв претседател - Блаже Конески, за придонес во афирмацијата на македонската наука и култура. Признанија (диплома и медал) „Блаже Конески“ за 2025-та добија двајца хрватски научници – Емилио Марин и Ивица Баковиќ и им ги врачи претседателот на Академијата, академик...

АM Best ги потврди високите кредитни рејтинзи „A“ со стабилен среднорочен изглед

Агенцијата за кредитен рејтинг очекува успешно работење на Групација Триглав во 2025-та година, во согласност со подобрената проекција за годишна добивка на Триглав  Агенцијата за кредитен рејтинг AM Best, по редовната годишна ревизија, на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре, повторно им ја потврди оценката на финансиска моќ „A“ (Excellent) и долгорочната кредитна оценка на издавач „a“ (Excellent)....

Учениците од Прилеп го формираа македонското знаме

Во центарот на Прилеп 1.200 ученици го формираа македонското знаме, симболот на љубовта, единството и гордоста кон татковината. Овој впечатлив настан е дел од богатата програма со која Прилеп го одбележува 11 Октомври - Денот на народното востание на македонскиот народ, празник кој е длабоко врежан во нашето историско и општествено битие. Учениците, наставниците и училиштата, со својата енергија и посветеност...

ЕК ќе проверува дали постои унгарска шпионска мрежа во институциите на ЕУ

Европската комисија соопшти дека „многу сериозно“ ги сфаќа тврдењата за постоење унгарска разузнавачка мрежа која со години ги шпионирала институциите на ЕУ, најавувајќи формирање „интерна група“ за проверка на ваквите обвиненија. - Донесена е одлука дa се формира интерна група за да ги испита овие обвинувања, но таа се уште не е формирана. Работиме на тоа и нејзините параметри треба...

Научниците проучуваат ретка, „одметната“ планета, 5-10 пати поголема од Јупитер

Исто како што Земјата орбитира околу Сонцето, повеќето планети во и вон нашиот Сончев Систем имаат своја ѕвезда-домаќин. Некои, пак, таканаречени „одметнати“ планети немаат своја ѕвезда и малку се знае за нивното потекло. Астрономите забележаа токму таква планета којашто нуди нов увид во оваа појава. Научниците од Астрономската опсерваторија во Палермо, при Италијанскиот национален институт за астрофизика (ИНАФ) велат дека...

Објавувањето на интернет ноќе може да е поврзано со лошото ментално здравје

Луѓето кои објавуваат на социјалните мрежи ноќе, имаат поголема веројатност да се соочат со лоша ментална состојба, покажува ново истражување. Со други зборови, кај „ноќните (онлајн) птици“ има поголема опасност да пројават симптоми на депресија и анксиозност, според истражувачите. Повеќето научни трудови за менталната благосостојба и социјалните мрежи, се наведува, се сосредоточуваат на фреквенцијата на користење на интернет. Научниците од...

Донирани готвени оброци за 110 бездомни лица во Пунктот за бездомници на Црвениот Крст во Момин Поток

ТАВ Македонија, во соработка со Црвениот Крст на Град Скопјe, денеска, на Светскиот ден на бездомништво, подготви и донираше готвени оброци за 110 бездомни лица во Пунктот за бездомници во Момин Поток во Скопјe. Како дел од својата стратегија за корпоративна општествена одговорност, аеродромскиот оператор, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на групацијата АДП, втора година по ред ја организира...

Од вторник температури над просекот

Управата за хидролошки работи соопшти дека од вторник во земјава ќе преовладува стабилно време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината. Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за локален слаб дожд. Времето денеска до крајот на денот...

Судот не дозволи затворски притвор за осомничените за кривични дела во РЕК Битола, ЈО ќе се жали

Основниот суд во Битола не го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Битола за определување мерка притвор на двајцата осомничени за кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК Битола и им определил мерка куќен притвор. Од ОЈО Битола информираат дека надлежниот јавен обвинител не се согласува со ваквата одлука, имајќи ги предвид ризиците од бегство на осомничените, бидејќи, како...