Димитар Богоевски–Мите во песната „Триесет и девет минаја“ го претставува континуитетот на илинденската традиција
Димитар Богоевски-Мите напишал повеќе песни, но најголем дел од неговото творештво е изгубен. Во 1935 година додека учел во Ресен за првпат се претставил како поет, и тоа со песните „Осамотен патник“, „Несреќен Илија“, „Покрај река“, „Мало коњче“ и „Два врапци“. Познат како „момчето од Болно“, со изразити македонски национални чувства, пред малата матура ја рецитирал својата незачувана песна...
Северна Кореја претстави нова интерконтинентална ракета на воена парада
Северна Кореја синоќа ја претстави својата нова интерконтинентална балистичка ракета на голема воена парада – прва по две години.
Според државната новинска агенција „КЦНА“, ракетата, презентирана пред меѓународни гости, е „најмоќниот нуклеарен стратешки оружен систем“.
Лидерот Ким Јонг-ун во говорот ја повика армијата да се изгради во „непобедлива сила“ која ќе може да ги „уништи сите закани“.
Парадата на плоштадот „Ким Ил...
Разорна експлозија во фабрика во Тенеси: 19 лица загинати или исчезнати
Американските власти соопштија дека 19 лица се загинати или се водат како исчезнати по разорна експлозија во фабрика за производство на експлозиви во сојузната држава Тенеси.
Шерифот на округот Хамфрис, Крис Дејвис, изјави дека „има 19 лица по кои трагаме“. Тој не прецизираше колку од нив се потврдени како загинати, но потврди дека има и повредени.
Причината за експлозијата во фабриката,...
Единаесетти октомври – еден од најсветлите зраци на македонското слободарско сонце
Единаесетти октомври 1941 година е најсветлата точка во модерната македонска национална историја и симболичен почеток на Народноослободителната и антифашистичка борба на македонскиот народ. Тоа е датум кога оружената акција преку конкретен и јасен чин покажа дека македонскиот народ ја презема судбината во свои раце и поставува основи за сопствена држава и национално самосознавање. Денот не е само воен...
Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната
По неколку одлагања, од утре на премините на надворешни граници на Шенген зоната започнува постепената примена на новиот европски дигитален граничен Систем за влез/излез (ЕЕС), кој според очекувањата на Европската комисија би требало да го поедностави и забрза процесот на премин на граничните премини. Сепак, постои загриженост дека воведувањето на ЕЕС во пракса, барем во почетокот, ќе предизвика застои...
Се реализира вековниот сон за создавање слободна Македонија!
Потсетување на впечатливиот говор на генералот Михајло Апостолски пред народниот собир и митинг на централната републичка прослава во Охрид - 11 октомври 1983 г.
Во историската победа во Народноослободителната војна се реализира вековниот сон на македонскиот народ за национална и социјална слобода, создавањето слободна Република Македонија, суверена држава на македонскиот народ и на народностите што живеат во неа, истакна...
Разрешениот директор на Клиниката за неврологија Кузмановски се извини за своите постапки
Разрешениот директор на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски, за кого на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како меша бела прашкаста материја, вечерва на Фејсбук упати извинување и искажа длабоко каење за своите постапки.
- Во врска со објавите на социјалните мрежи изразувам длабоко каење и се извинувам поради постапката која се има случено далеку пред моето...
Алиу реши да го разреши директорот на Неврологија д-р Игор Кузмановски, ВМРО-ДПМНЕ го поддржа решението
Министерството за здравство информира дека министерот Азир Алиу денес донесе решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски.
- Во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури. Работата на Клиниката продолжува непречено - велат од министерството, од каде што не прецизираат која е причината за разрешување.
Непоредно пред разрешувањето на социјалните...
Кина воведе пристанишни такси за американските бродови
Кина денеска воведе пристанишни такси за бродовите во сопственост на САД, како реципрочна мерка за планираните американски пристанишни такси за кинеските бродови. Одлуката е донесена пред трговските разговори помеѓу кинескиот лидер Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп.
Бродовите во сопственост на САД, оние управувани од американски компании или поединци, како и бродовите изградени во САД и пловејќи под американско...
Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ
Од недела почнува постепеното воведување на новиот систем за преминување на надворешните граници на Европската Унија, соопшти Европската комисија. Земјите-членки ќе почнат да собираат електронски податоци за државјани од трети земји кои престојуваат до 90 дена.
Преодниот период ќе трае шест месеци, при што земјите сами ќе одредуваат на кои гранични премини прво ќе ја воведат новата процедура. Потоа системот...







































