Граѓаните да бидат мирни, нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати, им порача Вучиќ на граѓаните
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е задоволен од отвореноста, конструктивноста и искреноста на руската делегација во врска со Нафтената индустрија на Србија (НИС) и нагласи дека нема да има недостиг од нафта, нафтени деривати и нема да има енергетска криза.
Вучиќ објави дека имал отворен и искрен разговор со претседателот на Управниот одбор на „Газпром“, Александар Дјуков, и...
Најмалку што може да направи ЕУ е да не нѐ дискриминира
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарски прашања во врска со новиот систем на ЕУ на контрола на граничните премини и дали превозниците ќе имаат олеснувања, рече дека најмалку што може да направи ЕУ, ако навистина сакаме до 2030 да го видиме регионот како дел од Европа, е да не нѐ дискриминира.
- Имаше регионална иницијатива...
Во август над 226 илјади туристи, најмногу од Турција
Во август годинава во земјава имало 226.179 туристи кои оствариле 846.221 ноќевања. Од нив 48 отсто се домашни, а 52 отсто странски туристи од кои најголем број - 49.093 се од Турција, 10.309 од Србија, 5.202 од Романија, а 5.075 од Холандија.
Според податоците на Државниот завод за статистика, 73,4 отсто од вкупниот број на ноќевањата во август се реализирани...
Промоција на монографија за македонскиот композитор Кире Костов
В среда од 19 часот во книжарницата Литература.мк во Дајмонд мол во Скопје ќе се одржи промоција на монографијата за животот и делото на маестро Кире Костов, трубач, диригент, аранжер, педагог и еден од најистакнатите и најплодни македонски композитори.
Монографијата е дело на авторите Снежана Анастасова Чадиковска и Марко Коловски, содржи околу 250 страници и претставува сведоштво за неговиот творечки...
Просечната цена на струјата за крајните потрошувачи, освен домаќинствата пониска за 8,7 отсто
Во првото полугодие од 2025 година, просечната цена на електричната енергија без ДДВ за крајните потрошувачи, со исклучок на домаќинствата, се движи од 5,611 до 15,403 денари за киловат час, зависно од групата на потрошувачи. Пресметаната просечна цена изнесува 7,945 денари за киловат час, што претставува намалување од 8,7 отсто во споредба со второто полугодие од 2024 година.
Според податоците...
Две години условна и 2.500 евра казна за Мерко за незаконско поставување директори во две училишта
Две години условна казна за незаконско назначување на директор во училиштето „Зини Хани“ во Велешта и парична казна од 2.500 евра за „Браќа Миладиновци“ во Струга доби струшкиот градоначалник Рамис Мерко.
Условна казна од две години доби и прво обвинетата Егзона Шеи, која ја извршувала функцијата в.д. директор во училиштето со фалсификувани исправи.
Судечкиот судија Јордан Јованов кажа дека доколку го...
Поевтинуваат горивата
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените
деривати во просек за 0,83 отсто во споредба со претходната пресметка.
Новата малопродажна цена...
Светата земја конечно е во мир, порача Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска одржа говор во Кнесетот за што рече дека тоа е „голема чест“.
Трамп нагласи дека овој ден е ден за благодарност кон „семоќниот Бог на Аврам, Исак и Јаков“.
- Денеска небото е мирно, пушките молчат, сирените се тивки, и сонцето изгрева над Светата земја која конечно е во мир - рече Трамп, откако ја пофали...
Д-р Јован Божиновски нов в.д директор на Универзитетската клиника за неврологија
Доктор Јован Божиновски е именуван за нов в.д директор на Универзитетската клиника за неврологија, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу.
Назначувањето следи по разрешувањето на проф. д-р Игор Кузмановски. Тој беше разрешен од функцијата од страна на министерот за здравство по објавувањето на компромитирачкото видео на социјалните мрежи.
- Во врска со објавениот видеоматеријал на 10 октомври со...
Од 15 октомври започнува грејната сезона во Скопје, информираа од ЕСМ
Грејната сезона 2025/2026 официјално започнува на 15 октомври за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во Скопје, соопшти АД ЕСМ.
Системот опфаќа околу 66.000 активни потрошувачи, од кои 65.000 се домаќинства, а над 1.000 се деловни објекти, меѓу кои болници, училишта, градинки и здравствени установи.
Испораката на топлинска енергија ќе се врши секојдневно, според строго утврдени правила кои зависат...







































