Игор Маџиров го претвара Скопје во сцена за сечиј сон
IV Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“-
Од 15 до 18 октомври Скопје повторно ќе биде град на детската имагинација
Четвртото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ ќе ја обедини регионалната театарска сцена под слоганот „Сцена за сечиј сон“, со претстави што преку игра, хумор и фантазија го допираат живиот корен на човечкото искуство.
Официјалната селекција, за која...
Фон дер Лајен: Албанија е целосно во согласност со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која денеска престојува во Тирана, што е нејзина прва дестинација во рамки на турнејата во Западен Балкан, на заедничката прес-конференција, со премиерот Еди Рама, оцени дека „Напредокот на Албанија воодушевува, постигна рекордно темпо со преговорите и таа е на вистинскиот пат кон Европската Унија“.
- Задоволство ми е што ја започнувам мојата...
Кривична против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Џ.Н. на работно место Виш инспектор за недозволена трговија со оружје...
ДКСК расправаше за повеќе поднесени пријави за нарушување на изборниот процес
Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на 23-та седница, меѓудругото расправаше и постапуваше по повеќе предмети во врска со изборниот процес за претстојните локални избори.
Членот на ДКСК Сервет Демири ја образложи пријавата со наводи за сомневање за прекршување на изборниот процес против Партијата на пензионерите во Пробиштип, во која се наведува дека ја држи во заблуда јавноста дека...
ММФ и Светска банка ги почнаа есенските состаноци во Вашингтон
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка денеска ги отворија своите годишни есенски состаноци во Вашингтон, во услови на забавен глобален раст, трговски тензии и зголемена неизвесност во економските политики.
На состаноците учествуваат министри за финансии, гувернери на централни банки и претставници на развојни институции од целиот свет.
Главниот настан оваа недела ќе биде утрешното објавување на ажурираниот глобален економски извештај...
Почина Илија Темелковски, поранешен селектор на ракометната репрезентација
Почина Илија Темелковски - човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот, објави Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Спортот и ракометот пред се изгубија вреден спортски работник.
Тој како селектор ја предводеше македонска ракометна репрезентација, на Светското првенство 2009 година во Хрватска. Но, белег остави и со работата со младите категории: освојувањето на шестото место на...
Повторена пресуда за случајот „Меѓународен сојуз“: Намалени казни за обвинетите
Основниот кривичен суд во Скопје донесе нова пресуда во повторената постапка за случајот „Меѓународен сојуз“, со која беа изречени намалени казни за обвинетите во споредба со првостепената од 2022 година.
Во повторената постапка, обвинетиот Бојан Јовановски - Боки-13 е прогласен за виновен за „измама“ и „перење пари“, за што му е изречена единствена казна затвор во траење од пет години.
Јасна...
Судот ги одби наводите на одбраната дека Штекли не е способен да го следи судењето на главна расправа
Судот смета дека не се контрадикторни вештачењата на одбраната и Обвинителството за психичката состојба на обвинетиот Раде Трајковски Штикли и ги одби наводите на одбраната дека тој не е способен да го следи судењето на главна расправа за случајот за трговија со дрога „Штекли“.
Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, пред почетокот на денешното рочиште информираше дека се одбива...
Започна ослободувањето палестински затвореници, автобуси тргнаа кон Западниот Брег и Газа
Израел почна со ослободување палестински затвореници согласно договорот за прекин на огнот во Газа - соопшти Канцеларијата за медиуми на затворениците.
Канцеларијата соопшти дека денеска автобуси со ослободени затвореници тргнале од затворот Офер, западно од Рамала, кон градот Беитуниа на окупираниот Западен Брег.
Автобуси со ослободени затвореници, исто така, тргнале и од затворот Негев во јужен Израел, на пат кон Газа...
Се дистрибуираат вакцините против сезонски грип – граѓаните да се пријавуваат за вакцинација
Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, по што во текот на неделава граѓаните што се пријавиле за бесплатна вакцинација ќе бидат известени со СМС порака за терминот за вакцинација, информира Министерството за здравство (МЗ). Како што посочуваат, вакцинацијата против сезонски грип ќе се спроведува на 35 вакцинални пункта низ државата, од кои...







































