ЕУ отвора центри за вештачка интелигенција во Македонија и Србија
ЕK денеска наjави проширување на програмата „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (АИФА) во седум земји-членки и шест партнери на ЕУ, меѓу кои и во Македонија.
Во соопштението се посочува дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Тирана најави проширувањето на фабриките за вештачка интелигенција во Македонија и Србија.
– Можам да објавам дека ќе ги отвориме нашите...
Најмалку петмина загинати и десетици повредени во судири меѓу полицијата и милитантите во Пакистан
Најмалку пет лица се убиени, а десетици се повредени во судирите меѓу пакистанската полиција и членовите на фундаменталистичката исламистичка група Техрик-е-Лабаик Пакистан за време на антиизраелскиот протест на најпрометниот автопат во земјата.
Меѓу загинатите има еден полицаец, тројца демонстранти и еден случаен минувач, а десетици демонстранти се уапсени.
Десничарската група соопшти дека нејзиниот лидер, Саад Ризви, бил застрелан три пати во...
Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа
Американскиот претседател Доналд Трамп, како и медијаторите Египет, Катар и Турција, попладнево го потпишаа договорот за прекин на огнот во Газа.
Пред да го потпишат, Трамп изјави дека „документот опфаќа многу правила и прописи, како и многу други работи, и е многу сеопфатен“.
Додека го потпишуваше документот, тој рече: „Ова трае 3.000 години, можете ли да верувате? Овој пат ќе трае“.
-...
„Уна“ на Пројковски ја крена на нозе публиката во театарот „Звездара“ во Белград
Култниот роман „Уна” од 1981 година на Момо Капор, синоќа вo Белград, на сцената „Данило Бата Стојковиќ“ на театарот „Звездара“, доби сосема ново, модерно театарско руво во режија на Дејан Пројковски. Главната улога на проф. Мишел Бабиќ ја толкува Никола Ристановски, а од авторската екипа од земјава, свој креативен придонес дадоа и Валентин Светозарев како сценограф и Горан Трајкоски...
На ГП „Блато“ за девет месеци историски рекордна бројка – над милион патници
Продолжува трендот на зголема фрекфенција на граничнот премин „Блато“ на македонско - албанската граница кај Дебар, каде во периодот јануари-септември минале над милион патници, што е историски рекордна бројка.
- Во период од јануари до септември на на ГП „Блато“ остварен е проток на вкупно 1.072.646 патници што е зголемување за 74 отсто, споредено со истиот период минатата година, кога...
РФИ: Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар
Претседателот на Мадагаскар, Андри Раџоелина, денеска беше евакуиран од земјата со француски воен авион додека траат протестите и воениот бунт, дознава РФИ.
Евакуацијата е спроведена во договор со францускиот претседател Емануел Макрон, иако француските власти нагласуваат дека не се мешаат во внатрешната криза на Мадагаскар, која ја тресе земјата од 25 септември.
Немирите во Мадагаскар започнаа поради општи прекини во водоснабдувањето...
Мерц го повика Трамп на контиуниран ангажман во решавањето на војната во Украина
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на континуиран ангажман на САД во решавањето на војната во Украина, изразувајќи надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе има исто влијание како што има на Блискиот Исток.
Зборувајќи пред самитот со американскиот претседател и други светски лидери за зацврстување на прекинот на огнот во Газа, Мерц рече дека состанокот во Египет покажал дека...
Лекарската комора ме извести дека е истечена лиценцата на доктор Кузмановски, вели Алиу
Во телефонскиот разговор со Лекарската комора известен сум дека му е истечена лиценцата на доктор Игор Кузмановски. Прашањето е дали таа ќе се продолжи, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу.
Кузмановски на 10 октомври е разрешен од функцијата од страна на министерот за здравство по објавувањето на компромитирачкото видео на социјалните мрежи.
- За продолжувањето и издавањето на лиценци е...
Песков: Лансирањето на ракетите „Томахавк“ од Украина ќе бара вклучување на САД, што може да има лош крај
Лансирањето на ракетите „Томахавк“ од Украина ќе бара вклучување на американски специјалисти, поради што евентуалната испорака на овие ракети во Киев и нивната употреба би можеле да имаат лош крај, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, на брифинг.
-Навистина, работата со вакви сложени ракети ќе бара вклучување на американски специјалисти во процесот во секој случај. Ова е очигледен факт....
Трамп сака мировен договор и со Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп во денешното обраќање во израелскиот парламент, изјави дека сака да постигне мировен договор со Иран, откако САД и Израел летоска извршија напади врз иранските нуклеарни објекти.
- Би било одлично ако можеме да направиме мировен договор со Иран. Дали би биле среќни поради тоа? Зарем нема да биде убаво? Мислам дека тие тоа го сакаат, рече...







































