ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Болните и изнемоштени лица ќе гласаат утре, ден пред гласањето за локалните избори во недела. Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори од гласачи од Валандово и еден приговор од гласач од Карбинци. Иако, рокот за приговори за гласање во домашни услови заврши на 14 октомври, како што информираше претседателот...

Мерките на Народната банка придонесуваат за постепено намалување на инфлацијата, вели Славески

Прудентната монетарна политика што ја спроведува Народната банка придонесува за ефективно управување со ризиците и постепено намалување на инфлацијата, при што создава услови за стабилен економски раст. Тоа се потврдува и со најновите проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за македонската економија, со очекуван раст годинава од 3,4 проценти, а за следните години одржување на нивото околу 3 проценти....

Љутков: „Пчињското изборно евенгелие“ вратено дома во депото на Охридската библиотека

Со пригодна свеченост одржана денеска во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше одбележано враќањето на реставрираното и конзервирано издание на „Пчињското изборно евангелие“, најстариот примерок во библиотечното депо издание од 16 век. На свеченоста присуствуваше и министерот за култура и наука Зоран Љутков, кој во оваа прилика посочи на активностите на Библиотеката „Григор Прличев“ која како што рече...

Средбата Путин – Трамп би можела да се одржи за две недели, истакна Песков

Кремљ денеска соопшти дека средбата помеѓу рускиот и американскиот претседтаек Владимир Путин и Доналд Трамп би можела да се одржи за две недели или малку подоцна, но оти има уште многу детали да се договорат пред да се одреди точниот датум. Во вчерашниот телефонски разговор Путин и Трамп се договорија да одржат втор самит за војната во Украина во главниот...

Љутков најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Владо Малевски

Министерството за култура и туризам веднаш ќе почне со изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Владо Малевски со цел да се зачува автентичниот изглед и историскиот дух, што го носи домот на авторот на македонската химна, изјави денеска од Струга, ресорниот министер Зоран Љутков. По посетата на локацијата, каде пред два дена при изведба на...

Основците и средношколците финансиски ќе се едуцираат, МОН потпиша меморандум за соработка со УЈП

Министерството за образование и наука и Управата за јавни приходи потпишаа меморандум за спроведување на проект чија цел е унапредување на финансиската едукација и даночната писменост кај младите. Документотот го потпишаа министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на УЈП, Елена Петрова, соопшти МОН. Ќе бидат опфатени сите основни и средни училишта, затоа што, како што посочија потписниците, исклучително...

Мерц најави германски Акциски план против руските хибридни напади

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, за следните неколку дена најави конститутивна седница на Советот за национална безбедност, на чиј дневен ред ќе биде Акциски план за одбрана од хибридни напади. Во канцеларовото соопштение до Бундестагот, Мерц ја обвини Русија за обид за дестабилизација на Германија и Европа преку саботажи, шпионажа, убиства, кибернапади и целни дезинформација. Тој, истовремено, ги обвини пратениците на десничарската...

Путин го свика рускиот Совет за безбедност за да го информира за разговорот со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин ги информираше постојаните членови на рускиот Совет за безбедност за содржината на неговиот вчерашен разговор со  американскиот колега Доналд Трамп, изјави денеска помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков. - Вчеравечер, веднаш по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Владимирович Путин ги собра постојаните членови на Советот за безбедност во Кремљ и детално...

Британски компании заинтересирани да ги зајакнат инвестициите во Македонија, соопшти Министерството за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на својата работна посета на Лондон, оствари средби со три водечки компании од рударскиот и енергетскиот сектор – Anglo American, Central Asia Metals (CAML) и Pacific Green. Средбите, информираат од Министерството за енергетика, беа фокусирани на унапредување на соработката со британските компании кои се глобални предводници во примената...

Бројот на патници на двата македонски аеродроми се зголемил за шест проценти

Двата македонски аеродроми Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид во првите девет месеци опслужиле вкупно 2.585.096 патници што е зголемување од шест отсто во однос на истиот период минатата година. Бројот на летови, пак, во истиот временски период е зголемен за три отсто, односно двата аеродроми опслужиле 20.141 летови од почетокот на годината до септември. Како...