Филипче повика на масовна излезност в недела
Вашата сила е во гласањето. Ве повикувам да ја покажете таа ваша сила во недела, со масовно излегување на гласачките места. Со вашиот глас да пратите силна порака затоа што на Македонија ѝ се потребни промени, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на митинг во Крива Паланка.
Филипче се заблагодари за, како што рече, масовната поддршка и порача дека...
Одобрен обвинителниот акт против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“
Основниот Кривичен суд Скопје информира дека во целост е одобрен дополнителниот обвинителен акт поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што животот го загубија над 60 лица, а над 200 беа повредени. Обвинението се однесува на Александар Нацев – реален сопственик и одговорно лице на агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушн“ ДООЕЛ Скопје. Тој се товари за тешки...
Мицкоски оптимист за исходот од изборите
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата воделе достоинствена кампања во која испратиле суштински пораки до граѓаните, со јасна визија за управување со државата и општините. Тој изрази оптимизам за резултатите од претстојните избори, очекувајќи победа во првиот круг во повеќе општини, вклучително и во Скопје.
-Мислам дека ние како ВМРО-ДПМНЕ и коалиција имавме достоинствена кампања во која испративме...
Меѓународниот кривичен суд очекува Путин да биде уапсен на пат кон Унгарија
Рускиот претседател Владимир Путин треба да биде уапсен на пат кон планираниот самит со неговиот американски колега Доналд Трамп во Будимпешта, пресуди Меѓународниот кривичен суд (МКС), објавија холандските медиуми.
Според соопштението на судот, земјите-членки на Статутот на МКС се обврзани да ги извршуваат налозите за апсење, кои важат и за Унгарија и соседните земји, кои Путин очигледно би морал да...
Гаши се сретна со европратеници кои ќе ги набљудуваат локалните избори
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска оствари средба со делегација на пратеници, кои во име на Европскиот парламент ќе ги набљудуваат локалните избори.
Членовите на Делегацијата, како што соопшти собраниската прес-служба, доаѓаат од четири политички партии застапени во Европскиот парламент: Марта Темидо од Групата на социјалисти и демократи, Португалија, Карло Реслер од Европските народни партии, Хрватска, воедно и ко-претседавач на...
Хамас потврди дека остануваат посветени на договорот за прекин на огнот
Палестинската милитантна група Хамас денеска изјави дека останува посветена на договорот за прекин на огнот со Израел, вклучително и ветување за предавање на телата на сите свои заложници, Израелци.
Изјавата следеше по острото предупредување од американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека ако Хамас не го исполни својот дел од договорот и не ги врати телата на сите заложници, ќе...
Царините од 100 проценти наметнати на кинескиот увоз не се одржливи, но Кина ме принуди на тоа, вели Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тарифите од 100 проценти наметнати од неговата администрација на кинескиот увоз не можат да се применуваат долго време бидејќи би имале сериозни економски последици.
-Тие не се одржливи, но тоа е нивото (на наметнатите стапки) - рече Трамп како одговор на прашањето како тарифите би влијаеле врз американската економија во интервју за Фокс Бизнис...
Двајца загинати и околу 80 лица повредени при превртување на автобус во близина на Сремска Митровица
Две лица загинаа, а околу 80 лица се повредени и се транспортираат во Општата болница во Сремска Митровица, откако автобус на превозникот „Сирмиум бус“ што превезувал работници на компанијата „Хелткер“ се превртел во близина на Сремска Митровица, соопшти МВР на Србија.
Министерството за внатрешни работи наведува дека автобусот, од непознати причини, излетал од патот и се превртел. Несреќата се случила...
Македонија се претстави на Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство
ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИ ДАТУМ ВО ДОХА, КАТАР
Во просториите на регионалната канцеларија на УНЕСКО за заливските земји и Јемен со седиште во Доха беше одбележан Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство, значаен настан на кој учествуваше и македонската амбасада во таа земја.
Настанот го организираше дипломатската мрежа за уметност, мода и културна дипломатија предводена од Н.Е. Фархан Ал Шеик Ал Сајед и сопругата на...
Орбан по телефонскиот разговор со Путин: Подготовките за средба во Будимпешта „продолжуваат со полна брзина“
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и оти подготовките за средба во Будимпешта помеѓу рускиот претседател и неговиот американски колега Доналд Трамп „продолжуваат со полна брзина“.
Орбан не наведе повеќе детали за телефонскиот разговор со Путин.
Кремљ соопшти дека Путин го информирал Орбан за неговиот разговор со американскиот претседател.
Претходно, Орбан изјави дека телефонски...






































