ДИК: Прегласување во четири општини – Врапчиште, Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Гостивар

Во 43 општини во државата гласањето е завршено во првиот круг за избор за градоначалници, во 33 ќе има втор круг, а во четири општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Излезноса на локалните избори е 46,63 проценти, односно на изборите излегле да гласаат  854.620 граѓани, ги објави вечерва Државната изборна комисија првичните официјални резултати од Локалните...

Трамп: Хамас ќе се однесува пристојно или ние ќе ги искорениме

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека палестинското милитантно движење Хамас треба „да се однесува пристојно“, или, како што рече, ќе се соочи со сериозни последици. - Тие ќе бидат пристојни, а ако не бидат, ние ќе одиме и ќе ги искорениме - рече Трамп на прес-конференција во Белата куќа, по потпишувањето на договор за ретки минерали со австралискиот премиер...

Нетанјаху: Хамас го почувствува „мечот на вратот“, затоа го прифати мировниот договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека палестинското милитантно движење Хамас „го почувствува мечот на вратот“ поради дејствијата на израелската армија и затоа беше принудено да прифати мировен договор за прекин на огнот во Газа и предавање на заложниците. Во обраќањето пред израелскиот парламент, Кнесетот, Нетанјаху рече дека кога трупите на израелските одбранбени сили (ИДФ) влегоа во Газа, „Хамас сфати...

Бакиу: ВРЕДИ е втората политичка сила во Македонија, ова е момент за повлекување на Ахмети

Врз основа на бројот на освоени општини и на општините во кои одиме во втор круг, политички победник на овие избори е коалицијата ВРЕДИ и ние сме втората политичка сила во Македонија, изјави Башким Бакиу од ВРЕДИ попладнево на прес-конференција на која присуствуваа лидерите на четирите политички субјекти во оваа коалиција. Како што рече, „ВРЕДИ е победник во пет општини...

Руско МНР: Лавров и Рубио имаа конструктивен разговор пред самитот во Будимпешта

Русија соопшти дека нејзиниот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, и неговито американски колега, државниот секретар, Марко Рубио, задолжени за подготовка на самитот меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп, имале „конструктивен“ разговор, јавија британските медиуми. Лавров и Рубио разговарале за можни конкретни чекори за спроведување на идеите постигнати за време на телефонските разговори на 16 октомври меѓу рускиот лидер Владимир...

Ѓорѓиевски доби поддршка од Меџити и Бакиу од ВРЕДИ

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, имал средба со Изет Меџити и Башким Бакиу од Коалицијата ВРЕДИ од кои, како што објави на Фејсбук, добил искрена и силна поддршка за вториот круг од локалните избори. - Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и со кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата...

Локалните избори беа конкурентни, но засенети од правни недостатоци, оценуваат меѓународните набљудувачи

Локалните избори одржани на 19 октомври беа конкурентни и на гласачите им овозможија вистински избор меѓу различни политички алтернативи, но беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација, соопштија меѓународните набљудувачи во денешната изјава за прелиминарните наоди и заклучоци. Според заедничката набљудувачка мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), Конгресот на...

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

Поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025, а врз основа на извештаите од извршениот мониторинг над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата на денешната 15 седница одлучи да поведе прекршочни постапки против ТВ 24 Вести и ТВ Вистел, соопштија од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Како што појаснуваат оотаму, двете телевизии на 19...

Хамнеи ги демантираше изјавите на Трамп дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска ги демантираше изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети. - Претседателот на САД гордо кажува дека ја бомбардирале и уништиле иранската нуклеарна индустрија. Многу добро, продолжете да сонувате! - објави Хамнеи на платформата Икс. Во израелскиот напад врз Иран во јуни се придружија и САД, кои ги...

Почна интервјуирањето на кандидатите за судија во ЕСЧП во Стразбур

Комисијата за избор на кандидати на  Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права(ЕСЧП) денеска на состанок почна интервјуирање на селектираните кандидати и дискутираше за претставки за потенцијален судир на интереси упатени до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) и за два приговора пристигнати до Комисијата.   - Претседателот на Комисијата Дарко Костадиновски ги извести членовите за двете претставки...