За филмската ѕвезда Серхио Бини велешките тинејџери играат како професионални актери!
Членовите на драмското студио „Словото“ од Велес наградени на фестивал во Италија
„Поетски одраз“ е иновативен сценски перформанс во кој шест тинејџери преку поезија, телесен израз и емотивна игра зборуваат за предизвиците со кои се соочуваат младите денес – иднината, менталното здравје, притисоците, самодовербата и дигиталниот свет. Претставата комбинира стихови од Петрарка, Рацин, Конески, како и од велешките поети...
Шансата ќе се бара против Белгија
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2026 ЗА РАКОМЕТАРКИ
Македонија загуби од Словенија со 20-28, во Битола, во второто коло од групата три. На ЕП 2026 ќе се пласираат двете првопласирани селекции од шесте квалификациски групи и четирите најдобри меѓу третопласираните. Македонија моментално е трета меѓу третопласираните, по Португалија и Украина
Женската ракометна репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз, овој пат...
Два крупни белега на локалните избори
Од редакциски агол
Еден од битните белези на овие избори, иако локални, всушност е забележаната состојба во која „граѓаните помалку гласаа за ветените проекти од локален карактер, туку нагласено се одредија и гласаа за една стратегиска линија на политики што ги брани националното
достоинство и идентитет“!
Можеби е чудно, но навистина, на ова локално граѓанско изјаснување се доби впечаток...
ВМРО-ДПМНЕ победи во 53 општини, Вреди во девет, а СДСМ во осум
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победи во вкупно 53 општини во првиот круг од локалните избори одржан во неделата, додека коалицијата Вреди славеше во девет, СДСМ и коалицијата во осум, Националната алијанса за интеграција во пет, а движењето ЗНАМ, Демократската партија на Турците, Унијата на Роми и независните кандидати Менди Ќура и Азем Садиќи победија во по една општина.
Кандидатите за градоначалници...
Хамас: Подготвени сме да ги најдеме и предадеме телата на заложниците, но потребно е повеќе време
Лидерот на Хамас, Халил ал-Хаја, денеска за египетска телевизија изјави дека Хамас е подготвен да ги најде и да му ги предаде на Израел телата на 15 заложници кои биле држени во заробеништво во Појасот Газа, но порача дека за тоа е потребно повеќе време и тешка механизација.
- Подготвени сме да ги најдеме и да ги предадеме сите тела...
Утринска анксиозност
Иако не е специфичен медицински термин, оваа анксиозност се однесува на будење со чувство на стрес и грижа, а се препознава по забрзано чукање на срцето, плитко дишење, чувство на стегање во градите и главоболка
Сите се будиме намќорести, станувајќи „на погрешна нога“. Сепак, утринската анксиозност е нешто повеќе од тоа. Можеме да ја доживееме ако поминуваме низ стресен...
Саркози ќе почне да ја отслужува затворската казна
Поранешниот француски претседател Никола Саркози треба да започне со отслужување на својата затворска казна во затворот Ла Санте во центарот на Париз денеска, откако беше осуден на пет години во врска со нелегално финансирање на кампањата од Либија.
Затворот има простор за затвореници на кои им е потребна посебна заштита, на пример затоа што се познати личности.
Саркози беше прогласен за...
Руски напад ја прекина струјата во делови од северна Украина
Нов руски напад врз украинската погранична област Чернигов вчера ја онеспособи енергетската мрежа во некои области во северниот дел на земјата, вклучувајќи го и главниот град до деактивираната нуклеарна централа Чернобил, соопштија властите.
Локалната енергетска компанија Чернигивобленерго соопшти дека последниот напад бил насочен кон електроенергетски објект, но не наведе кој.
Јуриј Фомичев, градоначалник на градот Славутич, 45 километри западно од нуклеарната...
Едно лице загина, девет се сериозно повредени во торнадо северно од Париз
Едно лице загина и најмалку девет се тешко повредени откако торнадо синоќа погоди област северно од Париз.
Префектурата Вал-д’Оаз рано утрово соопшти дека едно лице починало, четири лица се во критична состојба, а уште пет се во сериозна состојба по невремето во Ермон, во северните предградија на Париз.
Локалната временска апликација Метео експрес објави снимка која покажува торнадо како соборува три...
Сијарто остро кон ЕУ: После ова, никој нека не нè поучува за солидарноста на Европската унија
Унгарија ќе ги искористи сите политички и правни алатки за да спречи усвојување на предлогот REPowerEU кој има за цел забрана на увоз на руска енергија во Европската унија, изјави вчера во Луксембург унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Според соопштение на унгарското Министерство за надворешни работи и трговија, кое го пренесе mfor.hu, министерот на прес-конференција по состанокот на...







































