ШАХ – ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ЗА ВЕТЕРАНИ
Пет ремија во 2. коло, почнува расплетот
Во 2. коло на првото првенство на Македонија за ветерани во шах, кое во организација на ШКВ Скопје 72 се игра во „Негорски Бањи“ во Гевгелија, пет партии завршија без победник, но по борбена игра. Дебито на првата табла меѓу единствениот велемајстор (ВМ) што учествува Звонко Станојоски и ФИДЕ-мајсторот (ФМ) Александар Кралевски заврши со реми по 30 потези игра во еднаква позиција. Илија Стошевски на третата табла се чини испушти победа против Миле Трајковски во пешачката завршница по 49 потези игра. Дуелот на двајцата ИТ-програмери ФМ Љубомир Хаџиманев и Драган Наунов му припадна на првиот во 50. потег, откако остана со два пешака повеќе во завршницата. Најдолго играа (80 потези) Томица Брзовски и Никола Топалов, 4,5 часа, и на крајот натпреварот заврши со реми. Со оглед на седумте кола за игра, расплетот ќе почне веќе од следното коло. Никој засега нема два поена, а дури деветмина се во водство со 1,5 поен, што е само показател за неизвесноста што ќе го следи шампионатот, на кој учествуваат 18 шахисти. Резултати: ФМ Кралевски (2.029) – ВМ Станојоски (2.366) реми, ФМ Качаковски (1.987) – Петров (2.097) реми, Стошевски (2.056) – Трајковски (1.881) реми, Ѓорѓевски (1.789) – Андонов (2.054) реми, Хаџи-Манев (1.965) – Наунов (2.137) 1-0, Јаневски (1.823) – Јованџиков 1-0, Брзовски (1.709) – Топалов (1.633) реми, Башиќ – Ахчиев (1.688) 0-1 (службено), Томов (1.636) – Ќосев 1-0. Г.И.
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ТУР ДЕ ФРАНС
Мерлиер беше најбрз во спринтерскиот финиш на 12. етапа
Белгискиот велосипедист Тим Мерлиер победи во хаотичен спринтерски финиш на 12. етапа и ја оствари својата трета победа на годинешната грантур-трка Тур де Франс. Оваа победа доаѓа откако Мерлиер победи на седмата и на осмата етапа во годинашната трка, со што неговиот вкупен број на победи достигна шест, пишува „Би-би-си“. Патеката од Неверс Мањикур до Шалон сир Саон се покажа како непредвидлива, додека силниот дожд и променливиот ветер ги нарушија плановите на средина од трката. Словенецот Тадеј Погачар останува убедливо прв во генерален пласман во трката за жолтата маичка, со предност од три минути и 36 секунди пред Данецот Јонас Вингегор. Следната етапа се возеше вчера во должина од 205,8 км. Г.И.
































