Над 900 лица под пробациски мерки од затворите во земјава
Над 900 лица во моментов се под пробациски мерки, а системот има капацитет да опфати уште многу повеќе, беше истакнато пред работниот состанок на тема „Пробација и условен отпуст“, кој се одржува денеска во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во Скопје.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, посочи дека пробацијата во Македонија постои веќе...
Продолжен притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за нови 30 дена
Судот го продолжил притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за нови 30 дена, изјави бранителот на Нино Васев, адвокат Боби Спирковски, по денешното судење за случајот „Онкологија 2“, најавувајќи жалба на Апелација.
Апелација, нагласи Спирковски, е таа што треба да го реши овој случај, бидејќи Апелација и го одреди притворот, потсетувајќи дека првостепениот суд првично го...
Франција прогласи високо ниво на тревога поради птичји грип
Француските власти го зголемија нивото на тревога поради ширење на птичји грип од средно на високо, и побараа од живинарските фарми низ целата земја да ја чуваат живината во затворен простор, предупредувајќи дека Европа се соочува со сезонска епидемија на болеста.
- Уредбата со која се наредува зголемување на нивото на тревога од средно на високо е издадена по докази...
Вработените во ЈП „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ на протест поради неисплатена септемвриска плата
Веќе втор ден вработените во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и фирмите-ќерки ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“ своето незадоволство поради неисплатената септемвриска плата го искажуваат со протест, блокирајќи ги двата влеза во ова претпријатие. Најавуваат дека ќе протестираат до петок, од 9 до 11 часот, со блокирање на двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје.
Претседателот на Синдикатот...
„Онкологија 2“: Сослушани поранешни членови на УО на Клиниката за онкологија
Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, кои биле членови на Управниот одбор на Клиниката за онкологија од 2018 до 2024 година, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски...
Андоновски на министерски состанок на ЕУ: Македонија ја гради иднината на вештачката интелигенција
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на панелот посветен на вештачка интелигенција и иновации во рамки на министерскиот состанок за земјите од Западен Балкан што вчера и денеска се одржува во Подгорица, организиран од Европската комисија и еврокомесарката Екатерина Захариева.
Како што соопшти Министерството за дигитална транформација, Андоновски во обраќањето истакнал дека „Македонија го трансформира пристапот кон иновациите,...
Замрзнат имот во Србија и Македонија на осомничен за злоупотреби во РЕК Битола
Српските власти го прифатија барањето на Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство, за замрзнување имот – 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година за правно лице со седиште во Белград за кое е утврдено дека има сопственичка поврзаност со лице осомничено за злоупотреби во РЕК Битола против кое беше...
Кривичната и казнената евиденција за странци ќе се проверува преку МВР
Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека кривичната и казнената евиденција за странски државјани ќе се проверува преку Министерството за внатрешни работи.
- Кривичниот суд ги известува странските државјани кои престојуваат во Република С. Македонија дека, согласно новите процедури, проверките за казнена и кривична евиденција неопходни за регулирање на престој, повеќе нема да се вршат преку судовите, туку директно од страна...
Царината заплени 160 штеки цигари, ветеринарни препарати, регистарски таблички
Мобилни царински тимови изминативе денови спречија повеќе прекршочни дела при што запленети се 160 штеки цигари, 1.512 метри квадратни теписи, 100 килограми препарати за добиток, 665 парчиња гелови за нокти, три комплети германски регистарски таблички и сообраќајни дозволи, 80 парчиња облека со потпис на познати трговски марки, девизи и очила за сонце, соопштија од Царинската управа.
Обидот за шверц на...
Концерт на дрон-метал бендот „САН“ во МКЦ
Концерт на легендарниот американски дрон-метал состав „САН” ( SUNN O))) )ќе се одржи вечерва во ЈУ Младински културен центар во организација на издавачката куќа „Фак Јога/Милинтант ЗаЗа”.
Стивен О’Мали и Грег Андерсон, двоецот што стои зад оваа звучна алхемија, пристигнуваат во Скопје како дел од европската турнеја „Shoshin Duo“, која оваа есен ги носи низ Белград, Загреб, Софија и други...







































