Замрзнат имот во Србија и Македонија на осомничен за злоупотреби во РЕК Битола

Српските власти го прифатија барањето на Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство, за замрзнување имот – 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година за правно лице со седиште во Белград за кое е утврдено дека има сопственичка поврзаност со лице осомничено за злоупотреби во РЕК Битола против кое беше...

Кривичната и казнената евиденција за странци ќе се проверува преку МВР

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека кривичната и казнената евиденција за странски државјани ќе се проверува преку Министерството за внатрешни работи. - Кривичниот суд ги известува странските државјани кои престојуваат во Република С. Македонија дека, согласно новите процедури, проверките за казнена и кривична евиденција неопходни за регулирање на престој, повеќе нема да се вршат преку судовите, туку директно од страна...

Царината заплени 160 штеки цигари, ветеринарни препарати, регистарски таблички

Мобилни царински тимови изминативе денови спречија повеќе прекршочни дела при што запленети се 160 штеки цигари, 1.512 метри квадратни теписи, 100 килограми препарати за добиток, 665 парчиња гелови за нокти, три комплети германски регистарски таблички и сообраќајни дозволи, 80 парчиња облека со потпис на познати трговски марки, девизи и очила за сонце, соопштија од Царинската управа. Обидот за шверц на...

Концерт на дрон-метал бендот „САН“ во МКЦ

Концерт на легендарниот американски дрон-метал состав „САН” ( SUNN O))) )ќе се одржи вечерва во ЈУ Младински културен центар во организација на издавачката куќа „Фак Јога/Милинтант ЗаЗа”. Стивен О’Мали и Грег Андерсон, двоецот што стои зад оваа звучна алхемија, пристигнуваат во Скопје како дел од европската турнеја „Shoshin Duo“, која оваа есен ги носи низ Белград, Загреб, Софија и други...

Регистрирани се 53.724 неважечки ливчиња

Glasanje Lokalni izbori
Во периодот од 2017 до 2025 година, бројот на неважечки ливчиња на локалните избори во Македонија расте, со особено нагласен пораст во последниот изборен циклус. Во 2017 година, во првиот круг од локалните избори за градоначалници биле регистрирани 45.551 неважечки ливчиња. Овој број се намалил во 2021 година, кога беа евидентирани 19.127 неважечки ливчиња за градоначалници, но истовремено имало 37.959 неважечки...

Европските лидери го поддржаа планот на Трамп за Украина

Лидерите на европските земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција, Германија, Украина и Европската унија, денеска издадоа заедничка изјава во која изразуваат поддршка за Украина и за напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да стави крај на војната. - Цврсто го поддржуваме ставот на претседателот Трамп дека борбите треба веднаш да престанат и дека сегашната линија на контакт треба да биде...

Напаѓачот на Роберт Фицо осуден на 21 година затвор за тероризам

Судот во Словачка денеска пресуди дека човекот кој минатата година пукаше и го рани премиерот Роберт Фицо е виновен за тероризам и го осуди на 21 година затвор. Словачкиот премиер Роберт Фицо беше тешко ранет кон средината на мај 2024 година во обид за атентат во градот Хандлови. Пресудата изречена денеска на напаѓачот на словачкиот премиер може да се обжали до...

Обратете внимание – горивото има рок на траење

Домување Автомобилот е направен за да се вози, а не за да стои. Старото правило е дека ако автомобилот не се користи, разни делови кородираат побрзо, а цевките ја губат еластичноста, стануваат кршливи и се зголемува можноста да попуштат. Колку долго може да стои горивото во резервоарот на автомобилот? Многу автомобили без проблем се оставени повеќе месеци на паркинзи или...

Научниците конечно открија зошто хобитите биле толку мали

Дали хобитите постоеле или само се плод на фантазијата? Постои дури и научно објаснување зошто биле мали, верувале или не. Имено, преку процесот наречен енцефализација, човечките мозоци еволуирале да бидат релативно поголеми отколку што би се очекувало според соодветната големина на телото. Антрополозите тврдат дека овој пропорционално поголем мозок им овозможил на нашите роднини да извршуваат посложени задачи како...

Менталното здравје – невидлива тежина

Животот во рамките на туѓите очекувања исцрпува, па анксиозноста и депресијата во спектарот често се појавуваат, особено кај оние што често се потпираат на маскирање - свесно прикривање на автентичните карактеристики за да се интегрираат. Анксиозноста може да изгледа како ригидно однесување или опсесивни интереси, додека депресијата понекогаш се манифестира со иритабилност и губење интерес за вообичаените активности. Квалитетот на...