Португалија ќе ги заостри условите за добивање на државјанство

Десничарската влада на Португалија, која нема апсолутно мнозинство во Парламентот, денеска постигна договор со ултрадесничарската партија за усвојување измени на Законот за натурализација на странците. - Ќе имаме нов закон за државјанство, што значително ќе го зголеми времето потребно за имигрантите да добијат португалско државјанство - изјави лидерот на парламентарната група на Социјалдемократската партија, Луза Уго Соареш. За измените на Законот...

Берлин доби уверување од САД за изземање од санкциите за руската нафта

Германската Влада добила уверување од Вашингтон дека новите американски санкции насочени кон рускиот нафтен сектор нема да се однесуваат на германската подружница на „Росњефт“, која се наоѓа под државен надзор, изјави денеска портпарол на министерката за економија Катарина Рајхе. Во меѓувреме е издадено т.н. „писмо на утеха“ (comfort letter) како привремено решение, додека германското Министерство за економија и американските власти...

По Мадрид и Барселона ќе има уште авиолинии од Шпанија, порача Николоски

Од Меѓународниот аеродром Скопје попладнево се реализираше првиот директен лет до Мадрид. Авиокомпанијата „Виз ер“ со субвенции од Владата ќе лета на оваа релација трипати неделно секој вторник, петок и сабота. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави дека по воспоставувањето на директниот лет од Скопје до Мадрид и претходно до Барселона, ќе има уште дестинации од Шпанија. Од...

Истече рокот за поднесување и плаќање на ДДВ обврските за третиот квартал, велат од УЈП

Управата за јавни приходи ја информира дека заклучно со 27 октомври 2025 година, кога истече законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите и плаќање на даночниот долг за третиот квартал од 2025 година, сè уште постојат даночни обврзници кои не ги исполниле своите законски обврски. Според евиденцијата на УЈП, остануваат неподнесени 2.209 тримесечни и 146 месечни пријави, како и...

Со еврообврзница од 950 милиони евра ќе се финансира јавниот долг за следната година

Најголемиот предизвик за финансирањето на јавниот долг за следната година е сервисирањето или враќањето на обврзницата од 700 милиони евра. Тоа е она коешто најмногу му тежи на буџетот, порача денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Нагласи дека ќе се прави комбинација помеѓу странското и домашното задолжување, за, како што рече, да не ги оптоваруваме банките во земјава...

Димитриеска-Кочоска најави зголемување на пензиите и следната година

Министерката за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска очекува дека и следната година ќе има раст на пензиите имајќи предвид дека просечната плата природно ќе се зголемува. На денешната прес-конференција во Владата, на која беше презентиран Предлог-буџетот за 2026 година, министерката за финансии рече дека согласно сегашните пресметки се очекува во март да порастат пензиите за илјада денари, а за септември...

Забрзување на економскиот раст, главен двигател капиталните проекти, истакна Димитриеска Кочовска

Предлог буџетот за 2026 ги опфаќа сите клучни политики што ќе се спроведуваат во наредниот период, со јасна цел – забрзување на економскиот раст, паралелно со постепена фискална консолидација - рече денеска на прес-конференција министерката за финансиии Гордана Димитриеска Кочоска. Економскиот раст за следната година е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од...

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 проценти, инфлација 2,5

Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, со којшто економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата соопшти дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари, додека проекцијата за капиталните инвестиции...

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопје

Државната изборна комисија денеска ги објави конечните резултати и за 16 општини, за кои беа поднесени приговори до неа, а конечно се завршени изборите за советници во 79 општини и Советот на Град Скопје, односно, вкупно 80 општини. Единствено ќе има прегласување на три избирачки места за избор на членови на Совет во општината Шуто Оризари, каде што на...

Унгарија сака сојуз со Чешка и Словачка, истакна Сијарто

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денеска изјави дека неговата земја се надева на формирање централноевропски сојуз со Чешка и Словачка, земји кои имаат патриотски и суверенистички влади и споделуваат слични ставови за надворешната политика и прашањето за Украина. Говорејќи на маргините на Третата меѓународна конференција за евроазиска безбедност во Минск, Сијарто истакна дека Будимпешта дели заеднички...