Фото: „Нова Македонија“ / Илустрација

Од полноќ возачите ги очекуваат нови, повисоки цени на бензинските пумпи, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска соопшти дека малопродажните цени на нафтените деривати значително се зголемуваат во однос на претходната одлука донесена на 6 јули.

Најголемо поскапување се забележува кај дизел-горивото, односно се зголемува за 5,50 денари, со што новата малопродажна цена ќе изнесува 88 денари за литар. Зголемување има и кај бензините за 1,50 денари по литар, па така новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 87 денари за литар, додека еден литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 89 денари.

Поскапување има и кај екстралесното масло за домаќинство за 4,5 денари, на 86 денари за литар, додека, пак, цената на мазутот се зголемува за 0,938 денари за килограм и достигнува 42,168 денари.