Дебата меѓу Мециновиќ и Ѓорѓиевски: Кандидатите за градоначалници на Скопје ги спротивставија ставовите
Двајцата кандидати за градоначалници на Скопје, Амар Мециновиќ од Левица и Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, на дебата на Канал 5 телевизија, вечерва ги спротивставија своите ставови.
Ѓорѓиевски изјави дека поради слабата излезност на првиот круг од локалните избори не победил и оти верува дека во недела на 2 ноември, кога ќе се одржи, вториот круг од изборите граѓаните ќе излезат...
Дојави за бомби во неколку училишта во Скопје и Куманово
Во неколку основни училишта во Скопје и Куманово вечерва на електронските адреси пристигнале пораки за поставени експлозивни направи. МВР информира дека во тек се проверки во училиштата.
-Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на емаил адресите во неколку основни училишта пристигнати се пораки за поставени експлозивни направи во училишта. Во тек се...
Џонсон: Нема време за уставни измени за нов мандат на Трамп
Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, денеска изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за уставните ограничувања и дека нема доволно време да се направат измени во основниот закон кои би му овозможиле на републиканецот да се кандидира за трет мандат.
Седумдесет и деветгодишниот Трамп вчера одби јасно да каже дека нема намера да се кандидира повторно,...
Притвор за двајца раководители од „Комунална хигиена“, сомненија за загрозување на животната средина
Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за двајца раководители од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради основано сомнение за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик.
Притворот е изречен за Сабахадин Рустеми, в.д. директор на претпријатието,...
Турција од увозник до светски фактор во одбранбената индустрија, вели Ердоган
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган учествуваше на отворањето на воена фабрика за производство на најнова генерација тенкови и оклопни возила. На церемонијата, која беше пренесувана во живо на социјалните мрежи, беа официјално претставени и првите тенкови „Алтај“ од најновата генерација.
- За време на тестирањата, подобрениот модел поминал 35 илјади километри, покажал висока издржливост против мини и испукал 3.700 проектили,...
Португалија ќе ги заостри условите за добивање на државјанство
Десничарската влада на Португалија, која нема апсолутно мнозинство во Парламентот, денеска постигна договор со ултрадесничарската партија за усвојување измени на Законот за натурализација на странците.
- Ќе имаме нов закон за државјанство, што значително ќе го зголеми времето потребно за имигрантите да добијат португалско државјанство - изјави лидерот на парламентарната група на Социјалдемократската партија, Луза Уго Соареш.
За измените на Законот...
Берлин доби уверување од САД за изземање од санкциите за руската нафта
Германската Влада добила уверување од Вашингтон дека новите американски санкции насочени кон рускиот нафтен сектор нема да се однесуваат на германската подружница на „Росњефт“, која се наоѓа под државен надзор, изјави денеска портпарол на министерката за економија Катарина Рајхе.
Во меѓувреме е издадено т.н. „писмо на утеха“ (comfort letter) како привремено решение, додека германското Министерство за економија и американските власти...
По Мадрид и Барселона ќе има уште авиолинии од Шпанија, порача Николоски
Од Меѓународниот аеродром Скопје попладнево се реализираше првиот директен лет до Мадрид. Авиокомпанијата „Виз ер“ со субвенции од Владата ќе лета на оваа релација трипати неделно секој вторник, петок и сабота.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави дека по воспоставувањето на директниот лет од Скопје до Мадрид и претходно до Барселона, ќе има уште дестинации од Шпанија. Од...
Истече рокот за поднесување и плаќање на ДДВ обврските за третиот квартал, велат од УЈП
Управата за јавни приходи ја информира дека заклучно со 27 октомври 2025 година, кога истече законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите и плаќање на даночниот долг за третиот квартал од 2025 година, сè уште постојат даночни обврзници кои не ги исполниле своите законски обврски. Според евиденцијата на УЈП, остануваат неподнесени 2.209 тримесечни и 146 месечни пријави, како и...
Со еврообврзница од 950 милиони евра ќе се финансира јавниот долг за следната година
Најголемиот предизвик за финансирањето на јавниот долг за следната година е сервисирањето или враќањето на обврзницата од 700 милиони евра. Тоа е она коешто најмногу му тежи на буџетот, порача денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Нагласи дека ќе се прави комбинација помеѓу странското и домашното задолжување, за, како што рече, да не ги оптоваруваме банките во земјава...







































