ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопје
Државната изборна комисија денеска ги објави конечните резултати и за 16 општини, за кои беа поднесени приговори до неа, а конечно се завршени изборите за советници во 79 општини и Советот на Град Скопје, односно, вкупно 80 општини. Единствено ќе има прегласување на три избирачки места за избор на членови на Совет во општината Шуто Оризари, каде што на...
Унгарија сака сојуз со Чешка и Словачка, истакна Сијарто
Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денеска изјави дека неговата земја се надева на формирање централноевропски сојуз со Чешка и Словачка, земји кои имаат патриотски и суверенистички влади и споделуваат слични ставови за надворешната политика и прашањето за Украина.
Говорејќи на маргините на Третата меѓународна конференција за евроазиска безбедност во Минск, Сијарто истакна дека Будимпешта дели заеднички...
„Алкалоид“ 22 години дел од водечкиот глобален фармацевтски настан CPhI
„Алкалоид“ годинава го забележа своето 22. учество на најреномираниот светски собир во областа на фармацијата – CPhI (Convention of Pharmaceutical Ingredients). Под мотото „Во срцето на фармацевтската индустрија“, CPhI се одржува од 28 до 30 октомври во Франкфурт, Германија, а тимот на „Алкалоид“ и оваа година има репрезентативно и современо саемско претставување, преку кое недвосмислено ја пренесува компаниската парола...
Велешанка пријавила дека била нападната на работно место, приведен М.П. од Велес
Полициски службеници од СВР Велес вчера го лишиле од слобода М.П.(31) од Велес по пријава од 55-годишна велешанка.
Како што информира денеска МВР, жената пријавила дека М.П. на работното место во здравствена установа во Велес ја заклучил во една од просториите. Според пријавата, М.П. кршел предмети, физички ја нападнал и се заканил со остар предмет и со средство за чистење...
Божиновска: Нашата енергетска транзиција е во тек, инвестираме во нови проекти за соларна и ветерна енергија
Реформите во енергетиката веќе даваат резултати. Обновливите извори на енергија во земјава сочинуваат повеќе од половина од вкупниот инсталиран капацитет на електрична енергија. Бројката е 56 проценти во 2024 година. Ова покажува големо достигнување и претставува јасен сигнал дека нашата енергетска транзиција е во тек, рече министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на првата пленарна сесија...
Обвинителство отвори истрага против в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ и управителот за отпад за загрозување на животната средина со отпадот во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, како и против управителот за отпад за загрозување на животната средина со отпадот во Скопје.
Поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Против осомничените, како...
УЈП ја прошири базата на знаење во делот на прашања и одговори поврзани со даночните обврски
Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека на веб-страницата на институцијата е објавен нов дел со проширена база на знаење – прашања и одговори поврзани со даночните обврски.
Целта на оваа алатка, како што информираат од УЈП, е да овозможи едноставен и брз пристап до точни информации за примената на даночните прописи, лесно достапни до секој обврзник – фирма...
За вакцинација против сезонски грип над 70 илјади пријавени, 22 илјади веќе вакцинирани
Седумдесет илјади граѓани се пријавиле досега за вакцинација против сезонскиот грип, а веќе се вакцинирани повеќе од 22 илјади лица низ државата, соопшти денеска Министерството за здравство, нагласувајќи дека интересот за вакцинација против сезонски грип континуирано расте.
Вакцинацијата, како што се наведува во соопштението, се спроведува на 35 вакцинални пункта, од кои пет се во Скопје.
Сите заинтересирани граѓани, додаваат од...
Уметникот Рубенс Корубин и фудбалерот Јове Магдески добитници на наградата за животно дело на Прилеп
Уметникот Рубенс Корубин, основоположникот на неоромантизмот во светски рамки и фудбалерот Јове Магдески (постхумно) се добитници на наградата за животно дело на град Прилеп, по повод 3-ти Ноември - Денот на ослободувањето.
Ова беше соопштено на денешната прес-конференција на Комисијата за одбележување на значајни настани, личности и празници при Советот на Општина Прилеп.
Претседателот на Комисијата Игор Николоски, воедно ги соопшти...
Божиновска: Зависноста од еден снабдувач е минато, иднината припаѓа на сигурни енергетски решенија
Енергетската транзиција не е само технолошки, туку и општествен процес што бара храброст да се променат навиките, бара визија за носење долгорочни одлуки и подготвеност да се инвестира во решенија што не носат брзо резултати, но создаваат посигурна и поодржлива иднина за следните генерации, порача министерката за енергетика Сања Божиновска во воведното обраќање пред официјалниот почеток на 14. Меѓународен...







































