Иран и Оман ќе воведат такси за бродовите низ Ормуската Теснина за време на примирјето

Двонеделниот договор за прекин на огнот меѓу САД и Иран предвидува воведување такси за премин на бродовите низ Ормуската Теснина, кои би ги наплаќале Иран и Оман - изјави регионален функционер вклучен во преговорите. Според неговите информации, Иран планира приходите од таксите да ги насочи кон обнова на земјата по конфликтот, додека засега не е познато за кои цели Оман...

Трамп: Голем ден за мирот, Блискиот Исток може да влезе во „златна ера“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денешниот ден претставува значаен чекор кон светскиот мир, оценувајќи дека и Иран покажал подготвеност за деескалација на конфликтот. Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп нагласи дека САД ќе помогнат во развојот и стабилизирањето на сообраќајот низ Ормуската Теснина, истакнувајќи дека регионот има потенцијал да влезе во „златна ера“. Тој додаде дека очекува економски...

Цените на нафтата во пад по најавата за примирје меѓу САД и Иран

Цените на суровата нафта нагло се намалија откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат договор за двонеделен прекин на огнот меѓу САД и Иран. Референтната цена на нафтата Брент за идна испорака падна за околу 16 проценти и се движи околу 92 долари за барел. И покрај падот, цената и натаму е значително повисока од нивото од приближно...

Трамп најави двонеделен прекин на нападите врз Иран, услов е отворање на Ормуската Теснина

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе ги запрат нападите врз Иран во период од две недели, во обид да се создадат услови за дипломатско решение на кризата. Одлуката, како што соопшти, следува по разговор со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој побарал продолжување на рокот што му бил даден на Иран за повторно отворање на Ормуската Теснина. Трамп истакна дека...

Посвежо време со сончеви периоди и силен северен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени сончеви периоди. Во претпладневните часови се очекуваат услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на одредени места, особено долж Повардарието и во источните делови, повремено ќе достигнува брзина над 70 километри на час - информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи...

Македонија и САД ја зајакнуваат соработката во безбедноста, истакнува Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествува на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, кој се одржува во Вашингтон, во рамки на втората сесија од овој билатерален процес. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека дијалогот претставува важна платформа за продлабочување на соработката, со акцент на безбедноста, владеењето на правото и институционалниот развој. Во разговорите, МВР става посебен фокус на...

Кина и Русија ја блокираа резолуција за безбедноста на пловидбата во Ормускиот Теснец

Советот за безбедност на Обединетите нации ја отфрли резолуцијата предложена од Бахреин за заштита на комерцијалниот превоз низ Ормускиот Теснец, откако Кина и Русија ставија вето, пренесе МИА. Со нацрт-резолуцијата се предвидуваше овластување на една држава или коалиција да преземе „сите потребни средства“ за обезбедување слободна пловидба низ теснецот, како и координација на мерките за заштита меѓу засегнатите земји. Документот исто...

Уапсени седум лица во акција на МВР, разбиена криминална група

Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција спроведе координирана полициска акција за разбивање на организирана криминална група инволвирана во трговија со дрога. Во акцијата учествувале Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Струмица, како и специјалните единици Единицата за брзо распоредување и САЕ Тигар, инфомираат од МВР. Притоа, лишени од...

Соработката со САД клучна за модернизација на Армијата, истакна Мисајловски

Во рамки на Стратешкиот дијалог со САД во Вашингтон, министерот за одбрана Владо Мисајловски ја предводеше првата сесија посветена на одбранбените и безбедносните прашања. Тој истакна дека долгогодишното партнерство меѓу Македонија и САД значително придонесува за зајакнување на одбранбените капацитети и зацврстување на мирот и безбедноста. Пред претставниците на Стејт департментот, Мисајловски оцени дека соработката е на високо ниво, но и...

Стратешкиот дијалог со САД ја потврдува нашата улога како сојузник, истакна Муцунски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски порача дека Стратешкиот дијалог со САД ја потврдува улогата на државата како кредибилен сојузник и партнер. Муцунски во Вашингтон ја предводи владината делегација на втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД, која ја отвори заедно со Брендан Ханрахан од Бирото за европски и евроазиски прашања при Стејт департментот. Тој на својот...