Подготвени сме да разговараме со Софија, но ставот на Владата и црвените линии се јасни, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со конкретни чекори за решавање на проблемот со Бугарија, рече дека е подготвен да седне да разговара, но оти е познат ставот на Владата по тоа прашање, како и црвените линии. - Нашиот став е многу јасен, се знаат кои се црвените линии, ние сме ги опишале тие црвени линии...

Почна изградбата на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“ во Аеродром

Во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, денеска беше поставен камен - темелник за изградба на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“ во скопската општина Аеродром. На настанот во фокус беше втората фаза од доградба на нови простории во ова основно училиште, чија вредност изнесува околу 253 милиони денари, а рокот за изведба...

Борба и преговори за железничка станица

После унишувањето и ликвидирањето на надворешната одбрана на Скопје како и завземање на Државна болница, веднаш ја нападнавме зградата на Железничка станица која ја бранеја околу 60 германски војници. Германците не само што се бранеја во зградата, туку имаа и помеѓу колосеците митралески гнезда, па на нашиот баталјон отворија огин и се до зградата на Млин балкан и лево...

Мицкоски јавно повика сите што имаат докази за злоупотреби да ги достават

Mickoski glasanje Lokalni izbori
Премиерот Христијан Мицкоски јавно ги повика сите што имаат докази за злоупотреба, да ги достават за да можат институциите да делуват, отфрлајќи ги шпекулациите на опозицијата дека и други луѓе од власта се вмешани во злоупотребата на финансиски средства во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник на изградба на нова...

Кондарко: Надоместоците на оние што беа ангажирани од ДИК ќе се движат на ниво на минатите избори

Надоместоците за членовите на Избирачките одбори, Општинските изборни комисии за спроведување на Локалните избори 2025 година нема да се намалат, туку ќе се движат на ниво на претходните избори, односно Претседателските и Парламентарните избори, информираше денеска претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко на јавната седница, на која едногласно беше усвоен Правилникот за определување на критериуми за надоместоци за...

Европратеничките ќе гласаат преку полномошник за време на породилно отсуство

Европскиот парламент денеска со 605 гласови „за“, 30 „против“, и пет „воздржани“ го усвои предлогот на европратеничките да им се овозможи правото да именуваат свои полномошници, кои би гласале во нивно име додека се отсутни поради бременост или породилно отсуство. Целта на ваквиот предлог, како што е наведено во образложението, е да им се овозможи на европратеничките еднакво учество во...

Николовски: Годинава поднесени 174 кривични пријави, три пати повеќе од лани

Годинава Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднело вкупно 174 кривични пријави против 361 физичко лице и 126 правни лица, што е за над три пати повеќе споредбено со минатата година кога биле поднесени 53 кривични пријави против 54 физички лица и 23 правни лица. Станува збор за откриени кривични дела меѓу кои царинска измама, криумчарење,...

Со пуштање на електронската испратница, започнува дигитализацијата на македонскиот шумарски сектор, порача Трипуновски

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, денеска присуствуваше на свечениот настан за пуштање во употреба на Интегрираниот информациски систем за шуми (IFIS), кој означува историска пресвртница во дигитализацијата на македонскиот шумарски сектор, истакнувајќи дека ИФИС системот претставува крај на застарените процеси базирани на хартија, соопштија денеска од Министерството. -Ова означува значаен пресврт од застарени процеси базирани на хартија...

Одложено рочиштето против екс-директорите на АМС за злоупотреба на спортски ваучери

Основниот кривичен суд – Скопје го одложи денешното судско рочиште за предметот што се однесува на злоупотребата на државните спортски ваучери, во кој се обвинети вкупно 12 лица, меѓу кои и двајцата поранешни директори на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсовски. Како што информираа од Основниот кривичен суд, судската постапка ќе продолжи во редовна процедура, а...

Мицкоски: Љубовта кон градот нѐ води и понатаму да го чуваме и градиме Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја честиташе годишнината од ослободувањето на Скопје. - Честит 13 Ноември, денот на ослободувањето на Скопје! Да се потсетиме со гордост на храброста и жртвата на сите што се изборија за нашата слобода. Нека духот на единството, достоинството и љубовта кон градот не води и понатаму да го чуваме и градиме Скопје како место на мир,...