Орбан: Ќе ја тужиме ЕУ поради забраната за увоз на руски гас

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека неговата влада ќе ја тужи Европската Унија поради одлуката од минатиот месец за постепено суспендирање на увозот на руски гас, објавува британскиот весник „Гардијан“. - Не го прифаќаме ова очигледно нелегално решение кое е спротивно на европските вредности, кое Брисел го избра за да ја блокира владата на земја која не се согласува со...

До крајот на годината ќе се донесат законите поврзани со правосудството, порача Мицкоски

До крајот на годината ќе бидат донесени реформските закони поврзани со правосудството односно со судиите и обвинителите и за јавно обвинителска и судска служба. Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска изјави бидејќи со нив се бара финансиска независност се анализира како тоа е решено во други земји во Европа, но нагласува оти ќе се бара отчетност за секоја потрошена...

ССМ: Работниците бараат минимална плата од 600 до 700 евра

Работниците во земјава сметаат дека минималната плата треба да се зголеми од 600 до 700 евра, покажува анкетата што ја спроведе Сојузот на синдикати на Македонија на 11 и 12 овој месец на репрезентативен примерок од 1.613 испитаници. На прашањето „Колку треба да изнесува минималната плата“, од вкупниот број испитаници 45,2 проценти одговориле дека минималната плата треба да се зголеми...

Дали ќе има интервентно зголемување на минималната плата зависи од дијалогот меѓу синдикатите и работодавачите, вели Мицкоски

Дали ќе има интервентно зголемување на минималната плата надвор од законот, е предмет на дијалог меѓу синдикатите и работодавачите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека Владата ќе го прифати секое решение за кое меѓусебно ќе се договорат синдикатите и работодавачите. - Што се однесува до минималната плата имаме закон и во целост го почитуваме тој закон. Дали ќе има...

ФЗО има недостатоци, но испорачува, порача Клековски на одбележувањето 25 години од основањето

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска одбележа 25 години од основањето. Директорот на Фондот Сашо Клековски во својата презентација истакна дека ФЗО има 1.840 000 осигуреници, од кои 1.200 000 се носители на здравственото осигурување. Буџетот на Фондот е 53 милијарди денари, а за здравствено осигурување се плаќа 3.000 денари месечно. Ваквото вложување, како што кажа, е доволно и е...

Зеленски ќе се сретне со Макрон во Париз в понеделник

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го пречека својот украински колега Володимир Зеленски во Париз в понеделник, со цел посетата да биде „потврда на обврските на Франција кон Украина“ и „да се одржи моментумот на работата преземена по прашањето на безбедносните гаранции“ за Киев, соопшти денеска Елисејската палата. Ова е деветта посета на Зеленски на Франција од почетокот на војната во...

Царина запленила 2.500 инфузиски сета

Запленети 2.500 инфузиски медицински сета - игли, шприцеви, канили и системи за инфузија, ризични по здравјето на граѓаните. За случајот информираше директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, во интервју на Алфа телевизија, при што истакна дека годинава се запленети над 10 илјади парчиња лекови. - Последен случај каде јасно се гледа нашата заложба во заштита на здравјето на граѓаните е...

Предлог-буџетот за 2026 е економска порака за стабилност, доверба и развој, вели Димитриеска Кочоска

Ова не е само уште еден документ со бројки и табели, ова е економска порака за стабилност, доверба и развој, како и јасен доказ за одговорното управување со јавните финансии што го воспоставивме и го продолжуваме со полн капацитет, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска која пред матичната собраниска Комисија го образложува Предлог-буџетот за 2026 година. Комисијата треба...

Скопјанец осомничен за насилство врз дете

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете од член 201а од Кривичниот законик, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство. - Осомничениот 53-годишник на 11 ноември извршил насилство...

Христовски: Ќе се прави студија како работат сите болници што се занимаваат со кардиоваскуларна патологија

Во план е студија околу тоа како се работи во приватните и државните болници низ државава што се занимаваат со кардиоваскуларна патологија, информираше на денешната прес-конференција, претседавачот на Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции, д-р Жарко Христовски, одговарајќи на новинарско прашање. Јавноста на прес-конференцијата во Владата беше информирана дека до Комисијата досега биле доставени 25 случаи. Комисијата утврдила дека...