Откриени над 200 украдени возила во Грција

Вкупно 231 украдено или возило со фалсификувани податоци и документи, било откриено во Грција во рамките на заедничката европска операција со учество на 23 земји меѓу кои и нашата за борба против организираниот криминал што таргетира кражби на возила, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека заедничката оперативна акција „Joint Action Day (JAD) Mobile 8“ била...

Пушењето и загадувањето на воздухот се главните причини за појава на хроничната опструктивна белодробна болест

Пушењето и загадувањето на воздухот се главните причини за појава на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ). Неопходно е да се зголеми свеста за ХОББ, која е во топ три причини за смртност на светско ниво и од која годишно умираат по три милиони луѓе. При појава на симптоми, како што се хроничната кашлица и искашлувањето секрет, отежнатото дишење, луѓето...

Обвинителство: Одговорните за „Пулс“ знаеле за ризиците, но избрале молк и профит, ќе докажеме дека никој не се обидел да ја спречи трагедијата, велат од обвинителството

„Не е важно само кој го запалил огнот, важно е кој имал вода и не ја истурил“, изјави обвинителот Борче Јанев во воведниот збор на денешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, нагласувајќи дека катастрофата не е резултат само на пиротехниката, туку на серија институционални пропусти и неодговорност. -Катастрофата во Кочани не настана од дејствија или пропусти на...

Руските сопственици се согласиле да го продадат својот удел во НИС

Руските сопственици се согласија да го продадат својот удел од 56,15 отсто во Нафтена индустрија на Србија (НИС), изјави денеска министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. Таа истакна дека името на третата страна не се открива бидејќи станува збор за деловни разговори на сериозни компании. - Додека не се завршат разговорите или барем не се дефинираат најважните...

Судењето за „Пулс“ продолжува со воведни зборови на Обвинителството

Со изведување на воведни зборови на Обвинителството, во судницата во КПУ Идризово, попладнево продолжи првото рочиште од судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој живот го загубија 63 лица. Судењето се одвива под засилени безбедносни мерки. Покрај обвинетите, во судницата се присутни и родни на настраданите во несреќата што се случи на 16 март, претставници на обвинителството,...

Останува на совеста на студентите да одлучат што ќе направат со ваучерите, вели Јаневска

Министерката за образование и наука Весна Јаневска прашана за случаи кога студенти кои добиле ваучер за набавка на електронски уред, а потоа ги продаваат, кажа дека проектот бил ветен и реализиран, а на совеста на студентите е како ќе постапуваат со нив. -Проектот беше ветен. Ваучерите им беа ветени на студентите и вообичаено она што сме ветиле, ние и остваруваме....

Зеколи Шаќири го повика обвинителството да ја обжали пресудата од седум месеци затвор за лицето што во сообраќајка го усмрти нејзиниот сопруг

Седум месеци затвор добило лицето кое пред три години го прегазило Арбер, сопруг на Калтрина Зеколи Шаќири, која денеска на прес-конференција го повика Обвинителството да се жали на пресудата на Основниот суд. - Денеска стојам пред вас со врзани раце. Законот не ми дава право на жалба. Но, обвинителството има, и денес јавно му се обраќам: Барам жалба на пресудата....

Падовите на светските интернет-провајдери не се редок случај

Интернет-гигантот „Клаудфлер“ (Cloudflare) вчера претрпе пад на системот што привремено ги прекина голем број популарни услуги, како што се „Спотифај“, „Чет-ГПТ“,и мрежата „Трут сошл“ на Доналд Трамп. Ова е последниот во низата големи прекини на интернет, откако проблем со „Амазон веб-сервисите“ го наруши секојдневниот живот на милиони луѓе минатиот месец, а неколку дена подоцна и „Азур“ на „Мајкрософт“ падна. Според...

Пчиња се излеа кај Пелинце и Стрновац

Реката Пчиња се излеа од коритото кај селата Пелинце и Стрновац, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово. Оттаму известуваат дека од општина Старо Нагоричане информирале дека на подрачјето на село Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и на локацијата кај бања Стрновац, реката Пчиња се има излеано од своето речно корито за околу 20 сантиметри. -...

Се преврте камион на патот Валандово-Дојран, загина една мигрантка од Кина

Една мигрантка од Кина загина, а седуммина се повредени откако утрово околу 04:20 часот на патот Валандово-Дојран камион со српски регистарски ознаки излетал од коловозот и се превртел. Како што соопштија од СВР Струмица, во несреќата од здобиени повреди починала мигрантка од Кина, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а телото на почината било предадено на обукција. - Со повреди...