Илустрација / Фото: Пиксабеј

Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела минатата недела се зголеми на 1.943, изјави денеска претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез, додавајќи дека бројот на повредени речиси двојно се зголемил на 10.571.

НАСА проценува дека околу 58.870 згради се оштетени или уништени во погодената област, врз основа на сателитски снимки.

Во најтешко погодените области – главниот град Каракас и покраината Ла Гваира – речиси 200 згради се целосно уништени. Десетици илјади луѓе се водат како исчезнати, а со секој изминат час шансите спасувачите да пронајдат преживеани во урнатините се намалуваат. Сепак, успешните спасувачки операции пет дена по земјотресот даваат надеж.

– Продолжуваме со нашите напори за спасување на преживеаните, што нè исполнува со емоции и надеж за нивните семејства и за нашата нација, која е сведок на неуморната работа на венецуелските спасувачки екипи и меѓународните бригади – вели Делси Родригез, вршител на должноста претседател на Венецуела, пренесува МИА.