Светската атлетика воведува самостојни светски првенства во маратон
Светската атлетика (СА) воведува Светско првенство (СП) во маратон од 2030 година. Маратонот ќе остане дисциплина на светските првенства во атлетика во 2027 и во 2029 година, но од 2030 година ќе се префрли на свои самостојни шампионати. Од 2031 година маратонот, или која било друга тркачка дистанца на пат, повеќе нема да биде дел од светските првенства во...
Кугларите на Mакпетрол доминантни и во домашниот Куп
Најтрофејниот македонски кугларски клуб, скопски Макпетрол, испиша нова златна страница во својата клупска историја. „Нафташите“ 14. пат го освоија Купот на Македонија. Во големото финале тие го совладаа минатогодишниот освојувач на Купот, КК Вардар 2014, со 6-2 во поединечни сетови или вкупно 3.325-3.240 во соборени кегли. Третото место го освоија екипите на Пелистер 1982 и на ГТЦ Мусандра.
Воедно, на...
Иранската делегација вечерва во Исламабад на разговори
Иранската делегација вечерва ќе пристигне во пакистанскиот главен град Исламабад на разговори за решавање на конфликтот со САД и Израел, објавија британските медиуми, повикувајќи се на изјава на иранскиот амбасадор во Пакистан.
„И покрај скептицизмот кај иранската јавност во врска со систематското кршење на прекинот на огнот од страна на израелскиот режим (...), иранска делегација вечерва пристигнува во Исламабад на...
Англија пак освои уште едно место во ЛШ, следува возбудлива трка за пласман во елитата
ФУДБАЛ - ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ
Во Премиер-лигата само седум бода го делат петтопласираниот од тимот на 13. место. УЕФА им доделува по едно дополнително место во ЛШ на двете домашни првенства со најдобри вкупни перформанси на клубовите во трите европски купа во текот на сезоната. Во игра за второто дополнително место се Шпанија, Германија, Португалија, Италија...
Англиската Премиер-лига ќе има...
Од дијалог кон заедничко дејствување
Деновиве погледите на македонската јавност целосно беа насочени кон Вашингтон, бидејќи по повеќе децении реторика дека имаме декларација за стратешка соработка со САД, конечно почнуваме тој документ да го материјализираме во нешто опипливо, како за македонските граѓани така и за државата во целина. Добро е што по толку пекања да сме седнеле на масата, дали во Брисел, дали во...
Празнувањето меѓу суштината и украсот
Проф. д-р Виктор Недески
Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден неизбежно се наметнува прашањето: што значи да се празнува? Дали празнувањето е само надворешна радост, обичај, трпеза и собирање или, пак, има подлабока духовна димензија што му дава вистинска смисла на сето тоа?
Празнувањето е древен и универзален човечки израз. Од најстарите цивилизации до денес, човекот чувствувал потреба да ги...
Трамп се закани со воена акција ако Иран не го почитува договорот
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека американските воени бродови и авиони остануваат во близина на Иран и се закани со можност за воена акција ако Техеран не го почитува потпишаниот договор.
Трамп на платформата „Truth Social“ напиша дека „сите американски бродови, авиони и воени лица, заедно со дополнителна муниција и вооружување, ќе останат на позициите во и околу Иран се...
Музичка жртва… од заборавената торба на терзијата
Вангел Божиноски
Заборавената торба на терзијата всушност е вреќа. Голема... Конопна... преполна црти и рецки... ракописи... несредени, како во вреќа. Ја најдов во напуштеното селско училиште во Витолиште кога ја организирав Летната школа за архитектура „Мориовска градителска тајфа“ во 1999 година. Зошто Марко решил да ја чува овде кога во Прилеп би било подобро!? Помислив: кога веќе прибрал 10 пати...
Јанта Волеј и Работнички Скопје го комплетираат полуфиналното друштво
Ланските финалисти во првенството, шампионот Јанта Волеј КВ и Работнички Скопје обезбедија пласман во полуфиналето од плејофот во Првата лига жени, откако успешно го затворија четвртфиналниот предизвик.
Бранителот на титулата, Јанта Волеј КВ благодарение на подобриот сет-количник се најде во полуфиналето. Одбојкарките на Јанта славеа со 3:1 во првиот меч, додека во реваншот попладнево пред својата публика загубија со 2:3...
Половина од светот ги зголеми воените трошоци – Меѓународен монетарен фонд предупредува на долгорочни последици
Близу половина од земјите во светот во последните години ги зголемиле воените буџети, но овие трошоци не создаваат стабилна основа за долгорочен економски раст, покажува најновиот извештај на Меѓународен монетарен фонд.
Според анализата, повисоките воени расходи можат краткорочно да ја поттикнат приватната потрошувачка и инвестициите, што резултира со умерен економски раст на среден рок. Овој ефект најчесто произлегува од зголемена...








































