Родителите на жртвите од Кочани се сретнаа со директорот на Судска медицина – анализите ќе бидат јавно презентирани во Суд
Дел од родителите на децата што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска имаа средба со директрот на Институтот за судска медицина во Скопје Александар Станков, од кого пред неколку дена побараа одговори за токсиколошките анализи од обдукцијата на телата на жртвите.
Директорот на Институтот за судска медицина во Скопје, Александар Станков, во изјава за медиумите по...
Иран се закани со „силен одговор“ по разорните израелски напади врз Либан
Иран се закани со „силен одговор“ по разорните израелски напади врз Либан, во кои, според официјални податоци, загинаа повеќе од 200 лица, а над 1.000 се повредени.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги оцени нападите како „очигледно кршење на првичниот договор за примирје“.
-Ова е опасен сигнал на измама и недостиг на посветеност кон можните договори - рече тој, додавајќи дека „продолжувањето...
Ексклузивно: Интервју со новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација во Македонија, Дмитриј Зиков
СЕГАШНАТА СОСТОЈБА НА РУСКО-МАКЕДОНСКИТЕ ОДНОСИ НЕ МОЖЕ ДА НЕ ПРЕДИЗВИКУВА СОЖАЛУВАЊЕ
Оваа ситуација не е нормална, но не е наш избор. Таа е последица на едностраните чекори во однос на Руската Федерација преземени од македонската страна, кои не можат да се сметаат за пријателски. Веруваме дека овие чекори и нивните очигледни негативни резултати не им одговараат на фундаменталните интереси...
Проф. д-р Костовски: Успеавме дебелината да се третира како болест и успешно ја решаваме лапароскопски
Решение за пациентите со голема обезност во Македонија
Проф. д-р Огнен Костовски и мултидисциплинарен тим успешно третираат морбидна дебелина со баријатриска хирургија. Лапароскопското намалување на желудникот, на државен трошок, овозможува значително и долгорочно намалување на телесната тежина, придружено со подобрување или целосно повлекување на хронични состојби и општото здравје. Воедно, со намалување на потребата од долготрајни терапии и хоспитализации,...
Ѓорческа ќе игра четвртфинале во Мадрид
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на Челинџерот во Мадрид, откако нејзината противничка, Русинката Корнеева го предаде мечот во вториот сет. Првиот сет Ѓорческа го загуби со 3:6, а во вториот, при водство на нашата тенисерка од 1:0, противничката се предаде.
Според ждребот, во следното коло, утре Ѓорческа ќе се сретне со Италијанката Пигато, која е 189...
Мицкоски: И покрај историски најголемиот обем на криза, Владата се справува прилично стабилно
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека и покрај намалувањето на цената на нафтата и нафтените деривати, предизвиците со цената на горивата остануваат и се следат на дневна основа. Истакнува дека Владата се справува прилично стабилно и покрај, како што изјави денеска, историски најголемиот обем на криза.
Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Струга, потенцира дека имаме доволно резерви,...
Нетанјаху: Израел ќе продолжи со нападите врз Хезболах „секаде каде е неопходно“
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека ќе продолжат нападите врз проиранското исламистичко движење Хезболах „секаде каде е неопходно“.
- Нашата порака е јасна: секој кој напаѓа израелски цивили ќе биде нападнат. Ќе продолжиме да го напаѓаме Хезболах секаде каде е неопходно додека целосно не воспоставиме безбедност за жителите на северниот дел на Израел - објави Нетанјаху на платформата...
Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“
На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина.
Сведокот пред судот појасни дека нејзиниот годишен план за...
Мицкоски: Изградбата на автопатите согласно планираното, Кичево-Охрид ќе се заврши со домашно финансирање
Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од динамиката на изградбата на автопатските делници на Коридорот 8 и на Коридорт 10Д и најавува дека со обезбеденото финансирање од домашните банки за заокружување на автопатот Кичево-Охрид оваа делница ќе стане функционална.
- Сите делници од Коридорот 8 се одвиваат согласно предвидената динамика. Моментално се работат галериите. Имавме мала потешкотија морам да...
Одложена седницата во Апелација за убиствата на Вања и Панче поради здравствената состојба на Видевски
Јавната седница во Апелациониот суд во Скопје за жалбите на пресудата за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска беше одложена поради влошена здравствена состојба на еден од обвинетите, Боре Видевски, кој во моментов се наоѓа на болничко лекување.
Како што информираше неговиот бранител, адвокат Бојан Манев, Видевски е хоспитализиран поради проблеми со бубрезите.
- Лицето живее со...








































