Турските форензичари и екипи на полицијата со кучиња-трагачи, го истражуваат конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, за да откријат што се случило при исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги.

Новинарот кој ја критикуваше политиката на Ријад, исчезна пред околу две недели откако влезе во саудискиот Конзулат во Истанбул.