Ана Јастрежембовскаја од Русија изработува играчки од волна. Нејзината љубов кон ваквите животинчиња се појавила кога таа забележала мала играчка изложена во продавница, а потоа открила дека се работи за играчка направена од волна. Одтогаш таа изработува волнени играчки, а откако нејзините дела се стекнале со популарност, нејзините играчки често „летаат“ во други земји.