Центарот за управување со кризи информира дека пожарот во центарот на Скопје е изгаснет и дека се работи на ресчистување на теренот.
Пожарот на улицата „11 Октомври“ избувнал околу 11 часот и 40 минути во стари бараки. Во гаснењето противпожарните служби беа вклучени со седум возила.
Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески рече дека е спречено ширење на пожарот.
-Затекнат е пожар во разгорена фаза, брзо е интервенирано, направено е секторирање на објектот, спречено е ширењето на пожарот кон соседниот објект, останатиот дел е изгаснат брзо и ефикасно, интервенирано е со шест противпожарни возила и 20 пожарникари – изјави Томевски.
Опожарени се околу 300 метри квадратни, а според Томески, нема повредени лица во пожарот.
-Во моментот нема лица внатре, нема повредени. Опожарени се околу 300 метри квадратни, отежнувачки фактор беше што од едната страна на објектот се наоѓа објект кој е во градба, ископ кој ни ја отежнуваше интервенцијата. На дуќанот нема оштетувања, тоа беше приоритет да се сопре пожарот да се шири кон дуќанот. Нема повредени пожарникари – нагласи Томевски.