Фото: Маја Јаневска-Илиева

Центарот за упавување со кризи (ЦУК) известува дека пожарот во центарот на Скопје избувнал околу 11 часот и 40 минути на објекти во близина на Тутунски комбинат.

-За пожарот известени се полиција и ЕВН. Моментално на терен има 7 противпожарни возила. Пожарорт е во тек на гасење – велат од ЦУК.

Центарот за управување со кризи информира дека поради интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје на опожарениот објект на ул. „11 Октомври“ во Скопје, во овој момент за сообраќај затворен е делот од улицата на потегот од ул. „Пролет“ и бул. „Македонија“, до крстосницата со бул. „Кочо Рацин“, во двете насоки на движење.

-Центарот апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот особено ако се движат кон овој потег.

Пожар во скопски Центар, горат стари бараки