Во Македонија брзо се заборава, а сакате држава. Суверена – нели? А јас би сакал и античка, простете ми, тешко се заслужува. „Коњанициве“ не ме препознаваат, бидејќи јас не сум политичар, прост граѓанин сум, се трансформирам, стареам, метаморфозирам, можеби сум кандило, а можеби ѓавол, а ме викаат зомби! Отвори го тефтерот, бе зомбу! Од медиумите, како и вие, научив за „патријарсите“ Георгиевски, Фрчковски, Заев и како беше…? ААА – Али Ахмети, четирите „аса“ на македонскиот покер, јавачи на апокалипсата
Ако ова биде објавено, нека биде само по големата трагедија и плачот на родителите што се слуша во целиот свет. Денес – не судиме. „Не биди тажна и гневна, ако животот те изневери; времето за радост ќе дојде, верувај ми“ (Пушкин). Бог да ги прости загинатите деца, и небото плаче во очај, Господе земи ги во своите прегратки и во својот дом со љубов. Амин! Жал ми е и за изгорените во Иран, 21 загинат и над шест илјади повредени на огнениот фестивал „Чахаршанбе Сури“ – нешто заедничко во културата и супкултурата уште од антиката.
Македонија води биолошка војна. Марш на мртовци. Кои се овие коњаници? Гревови? Господе прости, ми се видоа на фатаморганата во пеколот. Ги познавате? Брзо заборавате. Во Македонија брзо се заборава, а сакате држава. Суверена – нели? А јас би сакал и античка, простете ми, тешко се заслужува. „Коњанициве“ не ме препознаваат, бидејќи јас не сум политичар, прост граѓанин сум, се трансформирам, стареам, метаморфозирам, можеби сум кандило, а можеби ѓавол, а ме викаат зомби! Отвори го тефтерот, бе зомбу! Од медиумите, како и вие, научив за „патријарсите“ Георгиевски, Фрчковски, Заев и како беше…? ААА – Али Ахмети, четирите „аса“ на македонскиот покер, јавачи на апокалипсата.
Ве бувтаат по медиуми. Многу се интелигентни, на леб ги мачкаат медиумите. Можат. Ембриони на овој скапан систем. Не се паднати од небо. Каде се сега? Во ризниците на системот. Дополнете – има и други „јунаци“, секако има и повеќе што знаат. Прашајте ги надлежните безбедносни служби. Прашајте ги и американскиот Стејт департмент, ДЕА, ФБИ и други служби по светот. Се плашите? Е па, тогаш сме апокалипса, оган, лешеви, гроб, курбан, Кама Даханам… анатема!
Пред некој ден храбриот министер Тошковски уапси дваесетина „лоши момци“ поврзани директно или индиректно со трагичниот случај на пожарот во Кочани. Сигурен сум дека ќе се качат до стотина до крајот на годината. Ова не е конвикција, ова е само едно бла-бла-бла од граѓанин што слуша и користи извори. На погрешна страна сте, деца, на погрешна! Апсите измеќари, а не „патријарси“. „Патријарсите“ се смрт – не на индивидуи, туку на држави, планетарни! Тие се хорор, холокауст! Постојат два поима сервирани од експерти – „криминална држава“ и „организиран криминал“.
Во првиот случај коњаниците се измеќарите и тие го јадат стапот. Во вториот случај коњаниците на апокалипсата се „патријарсите“ и тие понатаму палат и гасат и уживаат во милијардите. Првиот случај е локален криминал – локални шверцови, кражби, фалца на документи, фалца на пари, парафилии, крадење инвестиции… Вториот случај е многу малигнен – организирани криминални групи со меѓународни врски, кои вклучуваат политичари, полиција, дипломати, војни офицери, правосудни фактори… се занимаваат со меѓународни линии на бизнис (повторувам – меѓународни и Запад и Исток, по ново – и Азија) – за огромни текови на пари. За Македонија она што велат експерти (врв на сантата мраз) е дека 18 проценти од кокаинот во светот циркулираат низ Македонија, големи луѓе се „шмркачи“, центар е на трафицирање оружје (и од медиумите слушаме) и луѓе, најмалку два центра на Ал каеда им се познати на експертите, други облици на тероризам, се печатат фалца паспорти (дадено во медиумите), влегуваат огромни „црни фондови“ во тек на избори и надвор од тоа, украдени гигафирми како „Македонија табак“ и „Окта“ (емисијата „Код“), градежната мафија е расадник (вклучувајќи го и изгорениот објект, а и онаа огромна населба на Водно, Струга, Куманово итн.), земјоделството е мафизирано, проституција, трафицирање органи (центри во Косово – од француски извори), малолетна проституција, македоноцидни меѓународни договори (Преспа, Бугарија) и што не.
Државата умира поради големите паразити – дали разбирате? Би сакал на крајот на своето постоење да чујам дека се судени и гонети „јавачите на апокалипсата“. Ако не – нема надеж за државата. Само декларации, нема фајде. Мислете! Ако се прави само со споредните играчи-измеќари, личи на вицот „баби си го чешаат грбот“
Македонски манифест и протестите одат во заборав. Камо казни? Камо судења? Тајна дипломатија не постои (извори од странство), а дипломатите се етно и партиски дронови – речиси тотално, некои си ја продаваат државата, а некои дури и јазик не знаат. „Патријарсите“ се занимавале со масивно набавување паспорти (до 200 илјади од Косово според МВР експерти, што значи УЧК и демографско цунами), дрога не може да циркулира без инволвираност на полиција-политика-меѓународна мафија (податок од политичари) – видете во книгите Гомора и книгите на Бабановски со француски автори и серија книги приватно печатени, кои немаат пари за издавање. Исто е со проституцијата и трафицирањето оружје, а тероризам (претежно џихадизам) циркулира низ Балканот и Македонија. Додека не ја уништите главата, туку само опашката – државата ќе биде тешко болна, морибундна, дури и на смртна постела. Државата умира поради големите паразити – дали разбирате? Би сакал на крајот на своето постоење да чујам дека се судени и гонети „јавачите на апокалипсата“. Ако не – нема надеж за државата. Само декларации, нема фајде. Мислете! Ако се прави само со споредните играчи-измеќари, личи на вицот „баби си го чешаат грбот“.
Професор д-р Самуел Колономос Садикарио