Владата на денешната седница го именува Зоран Трифуновски за нов директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Република Северна Македонија – Скопје, пренесува МИА.
Трифуновски доаѓа на местото на Хари Локвенец, кој денеска поднесе оставка. Оставката, како што изјави за МИА, ја поднел од лични причини. Локвенец беше на функцијата директор на ЈП ЖРСМ – Инфраструктура од ноември 2020 година.
– Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, да го разреши Хари Локвенец од должноста директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Република Северна Македонија – Скопје, на негово барање. За в.д директор е одлучено да биде именуван Зоран Трифуновски – се наведува во соопштението од владината прес-служба.