Земјотрес со локална магнитуда од 3,4 Рихтерови степени со епицентар во скопското подрачје ноќеска во 2.02 часот регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.
-Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од 3-4 степени според Европската макросеизмичка скала – информираше Сеизмолошката опсерваторија.