Од 3 до 9 февруари пријавени се 2.880 случаи на зболени од грип и респираторни заболувања слични на грипот, што е за 5,1 проценти помалку во споредба со претходната недела.
Според податоците на Инстутот за јавно здравје, во однос на истата недела минатата годинa, сега е забележано зголемување за дури 53,6 проценти.
Од заболените оваа недела, 1.552 лица се на возраст помеѓу 15 и 64 години. 685 кај деца на возраст од 5 до 14 години, 317 кај деца на возрст од 0 до 4 години, 272 кај лица над 65 години – информира директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска.
Најмногу пријавени случаи на грип има во Скопје по што следуваат Струмица, Битола и Свети Николе.
Во однос на вкупниот број на заболени оваа сезона, досега има пријавено 11.614 лица, што во споредба со мината година претставува зголемување од 10,2 проценти.
– Како заклучок може да се констатира дека се забележува зголемување на бројот на заболени од вируси слични на грипот, кој е над неделната граница за средна активност. Резултатите добиени покажуваат дека има широка географска активност на вирусот, а проценот на позитивност е над границата од 10 проценти пет недели по ред. Во согласност со податоците, Македонија има висок интензитет на вирусот на грип во овој период – рече Андоновска.
Бројот на заболени е зголемен и во регионот и во другите европски земји.