Фото: Принт-скрин

Пред точно еден месец скопјанецот Иван (30) заедно со своите пријатели исчезна на отворено море од плажата „Мити“, на грчкиот полуостров Халкидики. Тој за грчката телевизија „Скај“ ја раскажа својата приказна за преживувањето и спасувањето.

– Вториот ден кога видов дека сите бараат на погрешни места, тогаш сфатив дека веројатно нема да ме најдат – вели Иван, меѓу другото.

Тој поминал повеќе од 20 часа во море, сам и беспомошен.

– Тоа ми беше најлошиот роденденски подарок – изјави Иван.

Го опиша хоророт кога струите го носеле кон отворено море.

– Тоа е исто како и секое друго чувство, вие само ја прифаќате вашата судбина, правите што можете и се концентрате на својот опстанок. Најдов мала детска топка. Вториот ден беше тоа, само неколку часа по изгрејсонцето – вели Иван.

Тој им се заблагодари на сите што учествуваа во спасувачката акција.

– Само благодарам, вистинска благодарност до сите што учествуваа во моето спасување, без разлика на нивната улога – истакна Иван, сеќавајќи се како се чувствувал кога сфатил дека хеликоптерот што лета над него го забележал.

Набргу по исчезнувањето на 9 јули, од морето беше извлечен неговиот пријател Васил, а потрагата по третиот исчезнат македонси турист, Мартин, од страна на грчката крајбрежна служба ОФКАТ официјално прекина пред десетина дена, но пријателите не се откажуваат и остануваат да го бараат на бреговите на Халкидики.