Со полагање цвеќиња на спомен обележјата во градот и на Могилата на непобедените, делегации од Општина Прилеп, од основните и средните училишта, од политичките партии, здруженија на граѓани, денеска во Прилеп беа одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев и 112 години од смртта на прилепчанецот Пере Тошев, македонски револуционери и национални херои!
Делегациите се поклонија пред спомен обележјата на македонските херои во знак на почит и потсетија дека нивната идеја за слободна македонска држава денес нам ни е оставена во аманет и наша должност е да ја сочуваме!
– Ние мораме секојдневно да зборуваме за нивниот живот, за делата на македонските револуционери и за нивната борба за независна Македонија, се со цел повторно и повторно да го потсетуваме светот дека Република Македонија е исконска земја која што цврсто и со длабока наклонетост стои пред своите корени, пред својот идентитет, својот јазик и своето свето име – потсети градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески.
При тоа во ОУ „Гоце Делчев” започнаа со активности за чествувањето на патрониот празник. Ка.М.