Фото: Христијан Мицкоски/Фејсбук

Во Лондон остварив средба со НВ Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III, објави премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил.

– Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што дискутиравме за повеќе важни прашања, вклучувајќи ги билатералните односи меѓу двете земји и можностите за натамошна соработка во различни области – напиша Мицкоски.

Оваа средба, како што објави премиерот Мицкоски,  претставува значајно признание за Македонија и е потврда за зајакнатата соработка и пријателство со Обединетото Кралство.