Осмото меморијално искачување на врвот Клепа во чест на трагично загинатите Калина и Александар се одржа вчера, а од него беа дел околу 350 учесници. Учесници имаше од повеќе градови од Маекдонија, како и тројца припадници на Мировниот корпус од САД.
– Во 2018-тата на Клепа дојдоа и се искачија Калина и Александар, за прв пат. Следниот викенд трагично го загубија животот при искачување на Кајмакчалан. Во нивна чест е ово искачување на Клепа, се додека ги споменуваме, тие се живи- порачаа организаторите.
Организатори беа СПЕД „Клепа“ од Росоман, ЕГ „Грин Пауер“ и ПСК „Азот“ од Велес и општините на Росоман и Градско.