Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски одлуки. Сузана Јордановска, на предлог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја именува за в.д. директор на Државна фитосанитарна лабораторија, а Ромео Тренов за директор на Управата за водостопанство.
Фикрет Хоџа е именуван за вршител на должноста заменик на директорот на КПУ Затвор Битола, додека Гарип Каба, на предлог на министерот за финансии, за в.д. заменик на директорот на Царинска управа орган во состав на министерството за финансии.