Сите документи што не се конзистентни со основните премиси на македонизмот, а такви се и Договорот со Бугарија и Преспанската спогодба, претставуваат извор на сите наши витални проблеми и значат разнебитување на Македонија. Тоа, пак, води до констатацијата дека ако не ги раскинеме двата документи, Македонците ќе исчезнат, а во ЕУ ќе влезе Македонија но не и Македонците. Трагично е, но мора да се прифати фактот дека со двата документи, Договорот и Спогодбата, Македонија всушност, свесно или несвесно, изврши геноцид на Македонците во Егеј и Пирин.

Затоа, во септември треба да започнеме мудро и спокојно со процесот на разрешување на состојбата во која дојдовме заради неуките, недокваканите и алчни (за власт, слава и пари) политичари. Време е за промени, а интелектуалците треба да бидат предводници на овие промени, смета академик Коцарев.