Уставниот суд ја објави Одлуката со која се укинуваат одредби од закони и подзаконски акти кои опфаќаат „припадност на заедница” при вработување во јавниот сектор.
Одлуката е достапна на следниот ЛИНК.
Уставниот суд вчера на седница донесе одлука за укинување на балансерот – алатката за вработување според национална припадност во државните институции.
Како што образложи на прес-конференција по седницата претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, одлуката на судот е донесена со мнозинство гласови и нема да важи ретроактивно. Тој потенцираше дека е манипулација тврдењето дека УС укинал права на заедниците.
При градењето на својот став во овој предмет, Костадиновкси информираше дека Судот го имал предвид и Извештајот за 2023 година на Европската комисија, разни споредбени решенија, но и одлуки, како што е Пресудата на Врховниот суд на САД (Students for fair admissions v. President and fellows of Harvard College, 2023).