Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните северни и источни региони ќе има услови за појава на слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи од 8 до 15 степени, додека максималната ќе достигне од 26 до 32 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14 степени, а дневната ќе достигне до 32 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нестабилното време ќе продолжи и утре. Се очекуваат повремени врнежи од дожд, а локално ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во понеделник врнежите ќе бидат со послаб интензитет, додека од вторник се очекува стабилизирање на временските услови. Со продорот на постуден воздух од север, температурите ќе се намалат за неколку степени.
































