Фото: Принтскрин

Суперхерои од цртаните филмови, јунаци од бајките и Дедо Мраз утринава имаа исклучително важна акција, спуштајќи се на терасите на детската клиника во Скопје да ги изненадат и израдуваа дечињата во рамки на традиционалниот настан „Да подариме насмевки“.

Пепелашка, Медо, Спајдермен, Бетмен, Дедо Мраз беа дел од тимот супер јунаци кои по шести пат се дружеа со децата. Тимот за одговор при катастрофи, маскирани во костими на детските херои, со јажиња се спуштија на клиниката за детски болести во Скопје и на малите пациенти им подарија новогодишни пакетчиња.

Фото: Принтскрин

Од Црвениот крст велат дека ќе се трудат да ја продолжат традицијата бидејќи не може со зборови да се опише неизмерната среќа на детските лица кога омилените суперхерои доаѓаат за да им дадат новогодишен поклон.