Младинското движење на студентите кое се бори за подигнување на студентскиот стандард во земјава „Студентски отпор“ денеска соопшти дека покренува петиција за новите повисоки давачки за студирање.
– Оваа петиција е апел до надлежните веднаш да ги укинат неразумните трошоци! вие неправди, некоректност и изживување со македонскиот студент нема да ви ги премолчиме – стои во соопштението од „Студентски отпор“.
Оттаму посочуваат дека оваа академска година почнува со нови повисоки давачки за студентите од околу 5.000 денари без, како што наведуваат, никаква најава и консултација со студентите при УКИМ.
– Недозволиво е досегашните неоправдани високи цени за студирање да се надоградуваат со уште понеразумни трошоци! Наместо да се преиспитаат досегашните давачки и младите да се мотивираат за високо образование и просперитет во Македонија – надлежните зададоа уште еден удар по и така катастрофалниот студентски стандард – се вели во соопштението.