Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, ги потпиша решенијата за доделување финансиски надоместок за секој купен велосипед или електричен тротинет. Ова е прва година во која Општина Аеродром доделува субвенции и за електрични тротинети, покрај за велосипеди. Од Општината информираат дека овие активности, како и инвестициите во подобрувањето на инфраструктурата за користење на алтернативните средства за превоз, дополнително придонесуваат за зачувување на животната средина.
Според Општина Аеродром, од објавувањето на повикот, па до исцрпувањето на предвидените средства, апликации за добивање субвенции поднеле 549 граѓани, од кои 497 ги поднеле сите потребни документи.