Според важечка одлука на УО на ЗОО Скопје откако постои оваа установа се врши таканаречено „економски искористување“ на животни кои во консултација со стручните лица се во состојба пред умирање, болни, со видливи неизлечиви рани, инфекции и крајно изнемоштени животни кои не можат да бидат рехабилитирани. Наспроти сите јавни пишувања на поединци морам да истакна дека ова не е прв случај, вакви случаи во минатото се бројни. Крајно лицемерна е осудата која доаѓа кон мене токму од истите лица кои ова економско искористување го имаат и самите правено и тоа не само на коњи, туку и на останати животни. Пример за тоа е жирафата која е дадена како храна за лавовите, вели Стаменов
Во Зоолошката градина работам повеќе од 12 години како самостоен зоо-негувател, остро ги демантирам наводите во јавноста дека сум некаков „убиец“ на животни како и лажните информации за наводните мои изјави, рече денес Кристијан Стаменов, кој вчера беше разрешен од позицијата в.д. директор на скопската Зоолошка градина. Против него и против уште пет вработени во ЗОО-Скопје МВР подлело кривични пријави откако вчера при извршена обиколка на Зоолошката градина, по претходно добиени сознанија, тие биле затекнати во помошните простории на Зоолошката градина (кујна за подготвување храна за животните) како подготвуваат храна од коњи (12 коњи и една мазга) кои ги колат на лице место за месото да го употребат како храна за дивите животни.
-Со Одлука за отстапување на стока од 11 јули 2022 година од Управата за извршување на санкциите КПУ – Идризово Скопје според Решение за отстапување на стока од Агенцијата за управување со одземен имот од 8 јуни годинава и Решение за отстапување на стока од 31 мај годинава се отстапија вкупно 12 коњи од КПУ Идризово во Зоолошката градина, поради немање на соодветни услови за нивно чување. Овие животни биле претходно запленети од дрвокрадци, шверцери на наркотични средства итн. Според важечка одлука на Управниот одбор на Зоолошката градина Скопје од кoj последните 20 години или откако постои оваа установа се врши таканаречено „економски искористување“ на животни кои во консултација со стручните лица од Зоолошката градина се во состојба пред умирање, болни, со видливи неизлечиви рани, инфекции и крајно изнемоштени животни кои не можат да бидат рехабилитирани. Наспроти сите јавни пишувања на поединци морам да истакна дека ова не е прв случај, вакви случаи во минатото се бројни и лично сум учествувал како зоо-негувател во ваква постапка и во времето на претходниот директор на Зоолошката градина. Крајно лицемерна е осудата која доаѓа кон мене токму од истите лица кои ова економско искористување го имаат и самите правено и тоа не само на коњи, туку и на останати животни. Пример за тоа е жирафата која е дадена како храна за лавовите – вели Стаменов.
Месото од закланите коњи во Зоолошка, дадени на чување од затворот Идризово, ќе заврши на Дрисла
За разлика од претходни години сега над животните кои не можат да се спасат или боледуваат, вели тој, се спроведува хуман третман.
-Можеби во јавноста овие теми не се популарни, но предметите на јавни набавки за месо кои ги спроведуваат сите зоолошки градини во светот доаѓаат дури и од здрави животни. Во Хамбург, Љубљана, Загреб, Дрезден и многу други европски метрополи спроведуваат ваков вид на хуман третман на болни животни, кои се во опасност од умирање.
Сакам изрично да одговорам на сите напади – Никогаш ниту сум имал намера ниту сум помислил да мачам изнемоштувам или убивам животни. Како зоонегувател сум посветил над 12 години од мојот живот на само на заштита на животните – вели Стаменив.
Тој објаснува дека во претходниот период имале добар пример, коњот кој го спасија од Дебар маало бил животно во тешка состојба, но успеале да го рехабилитираат да биде само дополнителна вредност на зоолошката градина.
-Така сум постапувал со сите животни. Од самиот почеток на моето назначување за в.д директор на Зоолошката градина бев мета на разни напади, физички пресметки, закани, притисоци и опструкции за кои дел од нив бевте сведоци самите. Ова што се случи и фамата која се крена во јавноста ги оценувам како злоупотреба на постапката за хуман третман која ја спроведува со години истава институција, а вклучително и секој директор на истата. Ова е директен атак против мене и моето добро работење кое резултираше со досега невидени позитивни ефекти за оваа институција, ова е напад кој можеби е и дополнителен политички притисок за мое обезвреднување. Морам да истакна дека се запазени се сите законски процедури во оваа постапка која не е нималку популарна, но која е одраз само на правилно спроведување на заштитата на животните. Јас мојата невиност ќе ја докажам пред институциите, и секогаш ќе имам неизмерна љубов кон сите животни – вели Станемов.