Започна изградбата на кружен тек на влезот во општината Илинден. Како што информираат општинските власти, станува збор за нов кружен тек на важна крстосница, кој ги опфаќа главните улици ,,2“, ,,8“, „9“ и новопроектирана улица ,,10“ на влезот во Илинден.
– Со изградбата на овој кружен тек ќе се растовари сообраќајниот метеж во овој фреквентен дел од општината, а наедно ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Во рамките на проектот е планирана изградба на кружен тек со партерно и хортикултурно уредување, како и јавно осветлување на просторот – истакна градоначалникот Александар Георгиевски.
Како што нагласи тој, улиците и кружниот тек ќе бидат сообраќајно хоризонтално и вертикално обележани во согласност со сообраќајниот проект за траен режим на сообраќај.