Во соработка помеѓу Општина Гази Баба, Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ продолжува изградбата на парк што се наоѓа во непосредната близина на ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто.
Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ претходно целосно го расчистија просторот, поставија нов систем за полевање, а во наредниот период ќе се формира и тревна површина. Предвидено е новиот парк да биде збогатен и со два нови видиковци изработени од дрво.
Новиот парк ќе има една главна пешачка патека во должина од 100 метри и широчина од 2,70 метри, или со вкупна површина од 350 квадратни метри. Дополнително, во новиот парк ќе се изградат и две помали пристапни патеки, кои ќе водат до новите видиковци, кои ќе бидат во должина од по 20 метри и со широчина од 1,50 метар. Покрај патеките на повеќе локации се планира и поставување клупи и друг вид урбана опрема.