Град Скопје сѐ уште нема доделено субвенции за велосипедистите и тротинетите, но според информациите од градските власти, субвенции ќе има. Од Град Скопје информираат дека огласот доцни бидејќи сѐ уште се доработува. Во буџетот на Град Скопје се предвидени 15 милиони денари за субвенции за велосипеди и тротинети.
– Поминати се на седница одлуките за доделување субвенции за велосипеди и тротинети. Се подготвува јавниот повик и очекуваме за брзо време да биде објавен. Малку се доцни затоа што првпат кога беше ставена точката на седница имаше забелешки од советниците, па ја повлековме за да се доработи – велат од Град Скопје.