фото: Архива

Нема договор помеѓу приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“ и Град Скопје. Директорот на претпријатието, Ленин Јовановски, најави дека автобусите на линиите кои не сообраќаа денеска, нема да сообраќаат и утре, а за другите линии ќе се одлучи по средбата со превозниците.

– Иако состанокот беше напорен и траеше толку долго за жал не можам да кажам дека се договоривме за нешто конкретно. Заклучокот беше дека Градот Скопје во моментов не може финансиски да помогне и да гарантира со одредена сума заради тоа што ребалансот на буџетот се уште не е поминат и единствено што може да се зборува за решавање на состојбата е дури после 40 дена со новиот буџет – изјави Јовановски по средбата со генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров.

Автобусите на приватниот превозник „Слобода превоз“, на линиите 9, 12, 22, 23 и 45,, денеска не возат поради заостанат долг од Град Скопје кон приватниот превозник.