фотографии: Орце Ѓорѓиевски / Фејсбук

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на својот фејбук-профил објави дека пожарот кај трафостаницата во Пинтија, поради кој половина Скопје остана без електрична нергија, е ставен под контрола.

Пожар кај трафостаницата во Пинтија причина што половина Скопје немаше струја

 


– Со екипите сме на терен, алармиран е и кризниот штаб на општина Кисела Вода и засега пожарот е ставен под контрола благодарение на брзата интервенција на противпожарната бригада. Ќе останеме на терен за да ја следиме ситуацијата – напиша Ѓорѓиевски.